Прескокни кон содржината
ASTERIA FAMILY RESORT BELEK (ex AQUAWORLD BELEK BY MP HOTELS)
Повлечи за повеќе слики

ASTERIA FAMILY RESORT BELEK (ex AQUAWORLD BELEK BY MP HOTELS)

БелекUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Belek

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба  

Хотелот се наоѓа во регионот Белек на 35 км од аеродромот и 45 км од центарот на градот Анталија. 

Сместување 
Вкупен број на соби 722 сместени во Главната зграда, Споредни згради (одвоени од главната зграда од двете страни на хотелот) и дел од хотелот Village (двоспратни бунгалови околу градината на хотелот). Village стандардни соби 25м², во village зона, една спална соба, едно купатило со туш кабина, макс.2 + 1лица., village фамилијарни соби (32м², во village зоната, две поврзани спални соби, едно купатило, балкон или тераса, макс.2 + 2лица), Супериор фамилијарна соба(48 -52м², во village зона, две поврзани спални соби, едно купатило, макс.4лица - повеќе простор и подобар поглед). Палас Стандардна соба (28м²,во главна зграда, една спална соба, едно купатило, макс.2 + 1лица), Суит Палас соба (52м², главна зграда, една спална соба со дневен престој, едно купатило, макс.3лица). Хилс Стандардни соби (29м², во споредна зграда Хилс, една спална соба, едно купатило, макс.2 + 1лица), Хилс суит соби (52м 52, зграда Хилс, дуплекс, приземје со спална и купатило, втор кат со друга спална и купатило, не се одвоени со врата помеѓу спратовите, макс.4лица). Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина или када, фен за коса, централен систем за климатизација кои работат според временските услови, директен телефон, мини бар (минерална вода, вода, безалкохолни пијалоци, пиво се дополнува секој ден), ламинат, сеф , сателитски ТВ програми и музички канали, балкон или тераса. 

Услуга 
Ултра-се вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, колачи, кафе, чај, вечера, ужина за доцна во ноќта. Сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, мини бар во собите, бар на плажа и базен од 10,00-18 часот, ресторани Ala Carte со предходна резервација и еднаш за време на престојот, сладолед за време на одредени часови. Не се вклучени: увозни пијалоци, шампањ, пијалоци во Коко Бар, свежи овошни сокови, Специјални вина и флаширани пијалоци, услуга во соба. 

Содржина 
Главен ресторан – на база шведска маса, ресторани Ala Carte, барови низ целиот хотелски комплекс. Доктор, чување на деца, хемиско чистење, пеглање, интернет кафе, фризер, изнајмување автомобил, шопинг центар дополнително се наплаќаат. Wi-Fi итнернет (со мала брзина) во општите области е бесплатна. 

Плажа 
Приватна плажа на хотелот - песочна, со лежалки, чадори за сонце, пешкири за на плажа и базен, бесплатно. 

Спорт и Забава 
Отворен и затворен базен за возрасни и деца, Аква парк, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терени, пинг понг, одбојка на плажа, стрелаштво се бесплатни. Дополнително се наплаќаат осветлување за тениски терени, масажа, СПА и центар за убавина, билијард, компјутерски игри, спортови на вода. Забавни програми во текот на денот, натпревари од базен, во вечерните емисии. Мини клуб за деца од 04-12 години со програми во текот на денот и Mini Disco вечер.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Belek, Aquaworld Belek, Serik/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps