
ALEXIA RESORT SPA HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Кумкој на 5 km од Сиде и 60 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 213 соби.
Комфорт стандардни соби (31 m², една спална соба со дупли кревет или два единечни кревети + кревети на расклопување или единечна софа, едно купатило, макс.2+1 лице).
Terrace делукс соби со поглед на море (33 m², една спална соба со дупли кревет + кревет на расклопување, простор за седење, едно купатило, макс.2 лица).
Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, влечки, клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува со вода, безалкохолни пијалаци и пиво секој ден), електричен бокал, сет за чај и кафе, сеф, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет, ламинатен под и балкон.
Услуга
Ултра сѐ вклучено - пијалак за добредојде, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, утрински и попладневни закуски, вечера и закуски доцна навечер, диететско и вегетаријанско бифе, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци до 24:00 часот, сладолед во одредени часови во денот, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот, бар на плажа од 10:00 – 17:00 часот (се служи од хотелот, бидејќи на тој дел од плажата има археолошко наоѓалиште и не е дозволено да се гради), диско бар до 03:00 часот.
Не е вклучено: увозни пијалаци што не се на мени листата, специјални вина, услуга во соба, сите флаширани пијалаци и пијалаци во лименка, свежо цедени сокови.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, лоби бар, бар на базен, À la Carte ресторан со медитеранска кујна. Доктор, перална, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, изнајмување кола се доплаќаат.
WI-FI интернет конекцијата во целиот хотел и на плажа е бесплатна.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа на 150 m од хотелот. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени, фитнес центар, турска бања, сауна, парна соба, одбојка на плажа, пинг-понг се бесплатни.
Со доплата: сите спортови на вода, масажа, SPA & Wellness центар.
Забавни програми во текот на денот и шоу програми во вечерните часови.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Side, İnönü Blv. No:2/B, 07330 Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps