
RIXOS PREMIUM BELEK
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Belek
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот е сместен во борова и лешникова шума долж Средоземното Море во Белек, на 45 km од Анталија и 35 km од меѓународниот аеродром во Анталија.
Сместување
Хотелот е реновиран во 2017 година.Располага со 700 соби и 60 Legendary апартмани. Сите соби имаат сопствено купатило со туш и када, фен за коса, клима, телефон, мини бар (вода, минерална вода, безалкохолни пијалаци, енергетски пијалок, млеко, чоколадо, пиво, чипс се надополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, мермер и тепих на подот, балкон, LCD ТВ, сателитска ТВ и музички канали, WI - FI Интернет е бесплатен во целиот хотел и во собите. Делукс соби (37 m², 50 поврзани соби и 6 соби за лица со попреченост (поглед кон море или градина, една соба, едно купатило, макс. 2+1 дете + бебе). Фамилијарни соби (49 m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица). Делукс фамилијарни соби (74 m²,една спална соба со голем дупли кревет, една дневна соба, едно купатило, макс. 4 лица+2 деца). Делукс апартмани (73 m², со поглед кон море, една спална соба, една дневна соба, макс. 2 лица). Супериор апартмани (94 m², една спална соба со француски кревет и купатило, една спална соба со два единечни кревети и купатило и една дневна соба, макс. 4 лица). Legendary Suits Swim Up (64 m², сместени во градината околу езерото и реката, две спални соби, две купатила, макс. 4 лица - 15 соби се со директен пристап до базенот). Legendary апартмани со поглед кон градина (64 m², сместен во градината околу езерото и реката, две спални соби, две купатила, макс. 4 лица).
Услуга
Услугата во хотелот е Ultra all inclusive 24 часа шведска маса во главниот ресторан People’s, барови околу хотелскиот комплекс, слаткарница отворена 24 часа, свежо цеден сок за појадок, сладолед, Rixy ресторан за деца, À la Carte ресторани Се доплата: услуга во соба, наргиле, павилјоните на плажа, доктор, СПА центар, телефон, факс, фотокопир, перење алишта, изнајмување автомобил, шопинг - Француска улица, чување деца, фризер. Содржини A la Carte ресторани: Piazzetta - италијанска кујна, Steak Ресторан - турска кујна, Mykorini - грчка кујна, Z’Asya – азиска кујна, специјална храна на барање (веганска, вегетаријанска, безглутенска). A la Carte ресторани се со претходна резервација еднаш за време на престојот.
Плажа
Хотелот има приватна плажа долга 700 метри и широка 100м со две приватни пристаништа. Лежалките, чадорите за сонце и пешкирите се бесплатни. Приватните павилјони се со претходна резервација и со доплата.
Спорт и забава
Отворен и затворен базен, базен само за возрасни отворен 24 часа, нов отворен базен покрај плажа (2002 m²), отворен базен со морска вода, еден дел од главниот базен се лади во текот на летото, а се загрева во зима. Фитнес центар, сауна, турска бања, руска сауна, снежна соба, џакузи, тениски терени, сквош, кошарка, одбојка, теретана, качувачки зид, спортска академија (под раководство на 18 професионални тренери можност за крос фит, Зумба, јога, пилатес, Tai Chi и многу други, 24 часа на ден), Survivor Park. Се доплата: СПА и велнес центар, сите видови на третмани за масажа и тело, центар за убавина, спортови на вода, часови за тенис, нуркање, компјутерски игри, Game центар, play station, американски и руски билијард, голф, Rixos хоби центар и куглање. Постои специјален тим кој го организира вашиот одмор на најдобар начин. Во текот на денот разни активности, спортови, натпревари и во вечерните часови незаборавни претстави. Во текот на летото има специјални организации како што се Beach Party, Gala Dinners, October Fest, French Street Rain Show - ефекти од дожд и грмотевици три пати на ден, фонтана шоу секој час по 5 минути од 08.00 – 23.00 часот, Show Center - со две меѓународни програми, неделно и музика во живо секој ден. За деца и тинејџери постои Rixy Club, детско игралиште, детски базен, детски ресторан, мини диско. Game центар - за секоја соба 10 бесплатни токени за играње по пристигнувањето.
Има бесплатен превоз и бесплатен влез во тематскиот парк „The land of Legends“ за гостите на хотелот.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Belek, Rixos Premium Belek, Ileribaşı Mevkii, Serik/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps