Прескокни кон содржината
SUENO HOTELS DELUXE BELEK
Повлечи за повеќе слики

SUENO HOTELS DELUXE BELEK

БелекUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Belek

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба 

Хотелот се наоѓа во областа Белек, 30 км од аеродромот во Анталија. 

Сместување 
Вкупен број на соби 426.​Сите соби се со купатило со када, фен, централна клима, телефон, тепих на под,мини бар ( вода, безалкохолни пијалоци,пиво, вино, цедени сокови,јаткасти плодови, чоколадо, млеко, крекери, се дополнуваат секој ден),сет за кафе и чај, сеф, WI-FI , LCD TV со сателитска програма и музички канали, тераса. Делукс соби 235 ( 45м2, една спална соба , една бања,соблекувална, макс 3+1 лица), Делукс соби инфинити 10( 45м2, една спална соба, една бања, соблекувална, директен пристап на базен 23м2 , макс 3+1 лица), Делукс суит 146 ( 70м2, една спална соба, дневна соба, две бањи и соблекувална макс 4+1 лица), Deluxe Sueno suit swim up 14 ( 70м2, една спална соба, еден дневна соба, соблекувална, две бањи, директен пристап на базен 30-38 м2, макс 4+1 лица, Superior suit 8 ( 70м2, една спална соба, дневна соба,соблекувална, џакузи, макс 4+1 лица). Superior suit Exclusive 2( 100м2, две спални соби, една дневна, џакузи, две бањи, макс 5+1 лица), Superior Sueno suit 2( 100м2, две спални соби, дневна соба, две бањи, џакузи и директен пристап на базен 70м2, макс 5+1 лица), 5 соби за гости со посебни потреби. 

Услуга 
Делукс – се вклучено – шведска маса,појадок , доцен појадок, ужина во утринските часови, ручек, попладневна ужина, вечера, доцна ужина, ресторан за деца, слаткарница, сите локални и увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци,свежо цедени сокови, сладолед во текот на денот на повеќе локации, голема палета на вина во главниот ресторан. A’la Carte ресторан со резервација и доплата, Birdie Bar-Golf club, пијалоци кои не се на листа како на Премиум увозни пијалоци, многу стари вина, услуга во соба со доплата. 

Содржини 
Главен ресторан со шведска маса со диетално мени, детско мени, A’la Carte ресторани: Turkish, Teppenyaki&Asian, Thai, Mexican, Italian, Fish, Barbeque, 14 бара околу хотелскиот комплекс. Доктор, перална, пеглање, телефон, факс, компјутерски игри, фризер, rent a car, шопинг центар со доплата. WI – FI бесплатно. 

Плажа 
Хотелска песочна плажа со лежалки, чадори, пешкири бесплатно.Приватни павиљони на плажа со претходна резервација и со доплата. 

Спорт и забава 
Отворен и затворен базен за возрасни и деца, голем аква парк( со 10 лизгалици за возрасни, 8 за деца и 5 за бебиња), фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, тенис, кошарка, одбојка на плажа, гимнастика, степ аеробик, пинг – понг. Спортови на вода, билјард,куглање, компјутерски игри, голф клуб и курс за голф, спа центар, часови по нуркање, опрема за тенис и часови со доплата. Забавна програма во текот на целиот ден и навечер, музика во живо, забава на плажа, шоу програма со гости од различни земји, турнири, кино на отворено. Lollipop мини клуб за деца од 04-15 години, со специјален едукативен персонал, натпревари, кино и шоу за деца. Fun Fair и компјутерски игри со доплата.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Belek, Sueno Hotels Deluxe Belek, Kadriye_5 sokak, Serik/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps