Прескокни кон содржината
SUENO HOTELS GOLF BELEK
Повлечи за повеќе слики

SUENO HOTELS GOLF BELEK

БелекUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Belek

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба 

Хотелот е лоциран во Белек, 30km од аеродромот во Анталија и 5km од најблиското градче Кадрије. 

Сместување 
Вкупен број на соби – 174 Стандардни соби – 30m² - 35m², една спална соба, купатило, поглед на копно, макс. 2+1 лице; Сениор соби – 35m² - 40m², една спална соба, купатило, поглед на голф игралишта макс. 3 лица; Јуниор Апартман – 50m² - 80m², една спална соба, купатило, макс. 3+1 лице; Џакузи Апартман - 65m² - 70m², прв спрат – една спална соба и купатило, втор спрат – спална со купатило со џакузи, макс. 3 лица; Апартмани – 55m² - 60m², една спална соба, дневна соба, купатило, макс. 3 лица; Кралски Апартмани - 95m² Сите соби се опремени со посебни купатила со када, фен, централна клима, телефон, теписон, мини-бар (вода, сокови, пиво се дополнува секој ден), електрично ѓезве, сет за кафе и чај, сеф, интернет, LED телевизија со сателитски и музички канали, балкон. 

Услуга 
Делукс се Вклучено – шведска маса за доручек, доцен доручек, ужина наутро, ручек, попладневна ужина, вечера, ужина доцна навечер, локални и стандардни алкохолни и безалкохолни пијалаци, свежо цеден сок за доручек. Луксузни увозни пијалаци, свежо цедени сокови во текот на денот, енергетски пијалаци, специјални вина, флаширани пијалаци, А-ла-карт ресторани со претходна резервација, собна услуга – Дополнително се наплатуваат. 

Содржина 
Главен ресторан – Албатрос – шведска маса, А-ла-карт ресторани : Јапонски ресторан, Мексикански ресторан, Италијански ресторан, Рибен ресторан, барови низ целиот хотелски комплекс. Доктор, услуги за перење и пеглање, телефон, факс, интернет кафе, компјутерски игри, фризер, рент-а-кар, продавници – Дополнително се наплатуваат. 

Плажа 
Сопствена хотелска плажа на 400m од хотелот, песочна, лежалки, чадори за сонце, пешкири за плажа, не се наплатуваат. Има бесплатен шатл од хотел до плажа. 

Спорт и Забава 
Надворешни и внатрешни базени за деца и возрасни, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски игралишта, кошарка, одбојка на плажа, гимнастика, пинг-понг. Дополнително се наплатуваат - водни спортови, билијард, компјутерски игри, голф клуб и игралишта, фудбалски игралишта, СПА центар. Забавни програми во текот на денот и во вечерните часови, музика во живо 3 пати неделно, мини клуб за деца од 4г до 12г во Суено Хотел Делукс Белек. Гостите на хотелот Суено Голф може да ги користат сите содржини во Суено Делукс Хотел. Има бесплатен шатл превоз до Суено Делукс Хотел и хотелската плажа.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Sueno Hotels Golf Belek, Turizm Caddesi, Serik/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps