Прескокни кон содржината
SWANDOR TOPKAPI PALACE
Повлечи за повеќе слики

SWANDOR TOPKAPI PALACE

ЛараUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Lara

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот е сместен на површина од 85.000 м2, на 20 км оддалеченост од Аеродромот, 6 км од центарот на Лара и само 2 км од центарот на Кунду. Отворен е од 1999 а реновиран во 2009.

Ultra All Inclusive

Главниот ресторан служи доручек, ручек и вечера по отворено мени. Вклучува и бебешко катче со посебна бебешка храна и колачиња, како и место за топли пијалоци, чај и кафе. 7 а ла карт ресторани готват посебни оброци од сите кујни низ светот. Концептот вклучува и доцен доручек, сладолед и полноќни закуски.

Сместување

Check-in   Од 14:00 hours   Check-out  До 12:00 hours
На располагање се вкупно 908 соби или 2000 кревети. Сите имаат сопствен балкон и ултра модерен мебел. Хотелот располага со 9 лифтови и големо лоби. Мини баровите во собите се надополнуваат секој ден. Интернетот е бесплатен во лоби.

Плажа и базен

Топкапи Палас е сместен на само 6 минути пешачење до песочната приватна плажа и нуди широк спектар на внатрешни и надворешни базени и тобогани. Вистински рај за деца и возрасни.

Спорт и забава

а понуда е широк спектар на  активности и спортови: пикадо, бочиа, стрелаштво, степ, утринска гимнастика, сквош, мал фудбал, одбојка на плажа, билијард, пинг понг, тенис, ватерполо, нуркање, водни спортови и кајакарство.

Спа центар

Луксузниот приватен Спа центар нуди турска бања, шок тушеви, сауна и џакузи бесплатно. Со доплата можете да си овозможите масажи и третмани за убавина и здравје.

А ла карт ресторани

Турски ресторан (бесплатно), рибен ресторан (бесплатно), скара ресторан (со доплата), италијански ресторан (со доплата), интернационална (со доплата), суши (со доплата) и мексикански ресторан (со доплата).

Услуги и активности

Бесплатно: Пикадо, бочиа, стрелаштво, степ аеробик, утринска гимнастика, сквош, мини фудбал, одбојка на плажа, билијард, пинг понг, 2 тениски игралишта, рекети, топчиња, шок базен, сауна, фитнес, сквош, базени, тобогани. Со доплата: Интернет во соба, сурфање со инструктор, џет ски, параглајдерство, нуркање, пловење со кајче, масажи, пилинзи, фризер и пена третмани. 

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Özlü, Hotel Swandor Topkapi Palace, Yaşar Sobutay Bulvarı, Aksu/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps