Прескокни кон содржината
SUNIS KUMKOY BEACH RESORT
Повлечи за повеќе слики

SUNIS KUMKOY BEACH RESORT

СидеUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во областа Kumkoy, 4км од Side и 60км од аеродромот во Antalya. 
Да започнеме од името: Зборот Kumkoy во превод значи селото од песок, ситна песок, токму таква каква што им е потребна на децата да градат кули од песок. Токму покрај една таква плажа се наоѓа супер ресортот Sunis Kumkoy Beach. Омилен помеѓу европските туристи Kumkoy Beach е првиот избор поради прекрасните пеисажи, зелените површини, базените, чистотата и гостопримството. Познат по прекрасната кујна, Kumkoy Beach нуди свежи производи и најдобрите медитерански и светски вкусови.

Сместување

Вкупен број на соби 672 во три блокови и во Lake Houses. Стандардни соби (27m², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лице), Фамилијарни соби со кревети на спрат (27m², една спална соба со кревети на спрат, едно купатило, макс.2+2 лица), Фамилијарни соби (30 - 40m², две спални соби со врата која ги поврзува, некои со две, некои со едно купатило, макс.4 лица), Eco A Lake House (16m², се наоѓаат на втор или трет спрат, една спална соба, едно купатило, макс.2 лица), Lake House Стандард (20m², поглед на базен, се наоѓаат на втор или трет спрат, една спална соба и едно купатило, макс.2 лица), Lake House Фамилијарна соба со пристап на базен (44m², директен пристап на базен, две спални соби со врата која ги поврзува и две купатила, керамички под, макс.4лица), Lake House горен кат Фамилијарна соба (44m², втор и трет спрат, две соби со врата која ги поврзува и две купатила, керамички под, макс.4 лица) ,Junior suit (60m², две спални соби со врата која ги поврзува, две купатила, макс.4лица), Suit соби (90m², две спални соби, дневна соба, две купатила, голема тераса, макс.4 лица) , King suit (95m², две спални соби, дневна соба, две купатила, едно со џакузи, кујна, тераса, макс.4лица). Сите соби се со приватно купатило со када, туш кабина и фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува со вода, безалкохолни пијалоци и пиво секој ден), електричен бокал, сет од кафе и чај, сеф, сателитска телевизија и музички канали, ламинатен или керамички под и балкон. WI-FI интернет конекција е бесплатна.

Услуга

Ultra all inclusive – пијалок за добредојде, шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, закуски наутро и попладне,вечера и закуска доцна навечер, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00- 24.00 часот, свежо цеден сок од портокал за појадок, сладолед за време на одредени часови, Слаткарница, A’la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за престој, пијалоци во Disco club. Не е вклучено: премиум увозни пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови (освен за појадок), послуга во соба.

Содржина

Главен ресторан со шведска маса, барови околу хотелскиот комплекс, A’la Carte ресторани: Cesars – Италијанска кујна, Asian – кујна од Далечниот Исток, Sultan –Турска кујна, Okeanos – Рибен ресторан, Aztek – Мексиканска кујна и Скара. Доктор, услуга за перење, телефон, факс, итнернет и компјутерски игри, шопинг центар, рент а кар се оплаќаат. WI-FI интернет конекција на јавни зони од хотелот и во собите е бесплатна.

Плажа

Хотелска плажа, каменлиња и песок, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа.

Спорт и Забава

Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, тениски терени, гимнастика, одбојка на плажа, пинг понг. Се доплаќаат: спортови на вода, осветлување за тениски терени, куглање, билјард, соба за играње, SPA центар, масажа. Забавни програми во текот на денот и навечер шоу програми, кино навечер. Мини клуб за деца од 04-12 години и Junior клуб од 13-16 години.Wifi

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Ilıca, Sunis Kumkoy Beach Resort & Spa, Sahil Caddesi, Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps