Прескокни кон содржината
SUNIS EVREN BEACH RESORT
Повлечи за повеќе слики

SUNIS EVREN BEACH RESORT

СидеUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Локација

Хотелот се наоѓа на 7 км од Сиде, 11 км од Манавгат и 60 км од аеродромот во Анталија.

Сместување

Хотелот е изграден е во 2009 година и зафаќа  површина од 16.000 m².
Се состои од 4 петкатници блок A, B, C и D. Секоја соба има: ТВ, сеф, телефон, фен, клима (централно - работи во одредено време), сет  за чај/кафе, балкон, бањарка, мини бар (бесплатно), Wi Fi интернет.
Стандардни соби се со површина од 26-32 м2, со поглед на копно и делумен поглед на море. Стандардните соби имаат сателитски LCD телевизор, бања када или туш, телефон во бањата, телефон со директно бирање, wi-fi, електронски сеф, централна климатизација, мини бар, фен за коса, козметичко огледало, систем за заштеда на енергија, чај и сет за кафе и бањарки. Стандардните соби со 1 единечен и 1 брачен кревет или 1 брачен кревет, ламинат паркет и балкон.
*Во стандардните соби можат да се сместат најмногу 3 лица.
Супериор  собите имаат површина од 38 м2 со поглед на море, имаат сателитски LCD телевизор, бања со када и туш, телефон во бањата, телефон со директно бирање, wi-fi, електронски сеф, централна климатизација, мини бар, фен, козметичко огледало, систем за заштеда на енергија, сет за чај и кафе и бањарки. Супериор собите се со 1 брачен кревет и имаат  ламинат и балкон.
*Во супериор собите можат да се сместат најмногу 2 лица.
Фамилијарните соби се  со површина од 40 м2 со страничен поглед на море и се состојат од 2 спални соби со врата. Има сателитски LCD телевизор, када или туш кабина, телефон во бањата, телефон со директно бирање, wi-fi, електронски сеф, централна климатизација, мини бар, фен, козметичко огледало, систем за заштеда на енергија,  сет за чај-кафе и бањарки. Фамилијарните  соби се со 1 брачен кревет и 2 единечни кревети и балкон.
*Во Фамилијарните  соби можат да се сместат најмногу 4 лица.

Содржини

Хотелот има главен ресторан  и 5 a la carte ресторани турски, рибен, италијански, скара, мексикански  (еден од рестораните по Ваш избор е бесплатен за време на престојот), вегетаријанско и диетално мени, 6 барови, внатрешен базен, конференциска сала (220 луѓе), бесплатен интернет, 2 надворешни базени, 3 тобогани, турска бања, парна соба, сауна, теретана, аеробик, аквабајк, пикадо, одбојка на плажа, пинг-понг, диско, анимација, детски клуб (4-12 години ), детско мени, детско игралиште, детски базен и 2 тобогани.
Со доплата: спа центар, доктор, фризер, масажа, видео игри, моторни спортови на вода, билијард, перална и хемиско чистење.

Услуга

​Услугата во хотелот е Ultra All inclusive на шведска маса во главниот ресторан, меѓуоброци и закуски во текот на денот покрај плажата и базените, Food corner со пити, бурек и турски специјалитети, ужинки на плажа, пијалоци (коктели, освежителни, алкохолни и увозни) 24 часа во лоби барот, пијалоци и коктели во барот на плажа и барот покрај базен, пијалоци во дискотеката до 03:00 часот,сладолед во текот на целиот ден, цеден сок од портокал и моркови наутро.

Плажа

Хотелот има  сопствена песочна плажа. Лежалки, чадори, душеци, крпи и барот се бесплатни за гостите на хотелот.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Ilıca, Sunis Evren Beach Resort Hotel & Spa, 30 Nolu Sok, Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps