Прескокни кон содржината
LIMAK LIMRA RESORT & HOTEL
Повлечи за повеќе слики

LIMAK LIMRA RESORT & HOTEL

КемерUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Kemer

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

 
Хотелот се наоѓа во областа Кириш, на 8 км од Кемер и 70 км од аеродромот во Анталија. 

Сместување 
Вкупно 685 соби. Стандардни соби во главната зграда (28 м², една спална соба, едно купатило, со страничен или директен поглед на море и базен). Соби во Arycanda зградата (28-32 м², една сплана соба, едно купатило, поглед на море и страничен поглед на море и базен, макс. 2+2 лица). Стандардни соби во градина (28-32 м², една сплана соба, едно купатило, макс. 2+2 лица, лоцирани во градина). Џакузи студио – само во главната зграда, фамилијарни соби само од страна на градината (39 м², 2+2 лица, две спални соби одвоени со врата, едно купатило). Сите соби се со балкон или тераса од страна на градина или море, приватно купатило со када, фен, телефон во купатило, централна клима која работи според временските услови, телефон, ламинатен под, сеф, мини бар (безалкохолни пијалоци, вода и пиво се полни секој ден), сателитска ТВ со музички канали, Wi-FI интернет. 

Услуга 
Ултра Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, закуски попладне, сладолед во Café Bonjour, торти, кафе чај, вечера, полноќна супа. Сите локални и некои стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, турско кафе во Lykya, Atlantis и лоби барот, À la carte рестораните (Sandal и Kazan) се со претходна резервација и еднаш за време на престојот. Не е вклучено: италијански, скара и кинески À la carte ресторани се со доплата, сите пијалоци во лименка и шише, луксузни увозни пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови, услуга во соба. 

Содржини 
Главен ресторан – Phaselis, Lykya и Galata за закуски, À la carte ресторани со италијанска, турска, кинеска кујна, ресторан за скара и рибен ресторан, барови во повеќе делови од хотелскиот комплекс. Продавници, фризер, доктор, чување деца, услуга во соба, перење и хемиско чистење, компјутерски игри, телефон, факс, интернет, изнајмување кола се со доплата. Wi-Fi интернет е бесплатен насекаде во хотелот. 

Плажа 
Хотелска приватна плажа со песок и камчиња. Лежалки, чадори и крпи за на плажа се бесплатни. Павилјоните на плажа се со доплата. 

Спорт и забава 
Надворешни базени со дел за деца, внатрешен базен, водени лизгалки, фитнес центар, сауна, турска бања, тениски терени, сквош, кошарка, одбојка на плажа, пикадо се бесплатни. Спортови на вода, школа за нуркање, масажа, велнес центар, часови по тенис, осветлување на тениски терени, билијард, играчница се со доплата. Забавни програми во текот на денот и шоу програми навечер. Специјални програми во Мини клубот за деца од 4-12 год и во Јуниор клубот за тинејџери над 12 години. Професионален тим за анимација организира разни натпревари во текот на денот и мини диско навечер.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Kiriş, Limak Limra Hotel & Resort, Kemer/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps