
SUNIS ELITA BEACH RESORT
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Локација
Хотелот се наоѓа во регионот Килизот. Оддалечен е 14 км од Сиде и 80 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Хотелот располага со 583 соби распоредени во главна зграда и 7 клубови Секоја соба има: бања со када и туш кабина, фен, централна клима која работи во одредено време според временските услови, директна телефонска линија, мини бар. (вода, безалкохолни пијалоци и пиво се надополнуваат секојдневно), сеф, сателитска ТВ и музички канали, тепих во главната зграда и плочки во клубските соби, балкон или француски балкон, бесплатен Wi-Fi интернет.
Стандардни соби во главната зграда (24 м2, спална соба, 1 бања, макс 2+1 лица).
Клуб стандардни соби (24 м2, спална соба, бања, два посебни кревети, макс 2+1).
Стандардни соби со кревети на спрат во главната зграда (24 м2, спална соба со француски кревет + кревет на спрат, бања, макс 2+2 лица).
Стандардни соби со кревети на спрат во клубскиот дел (24 м2, макс 2+2 лица),
Фамилијарни соби во клубскиот дел (28-39 м2, 2 спални соби одделени со врати, бања, макс 4+1 лица).
Услуга
Ultra all inclusive базирано на шведска маса - самопослужување, избор од неколку јадења (шведска маса) за појадок, доцен појадок, ручек, попладне кафе, чај и колачи, вечера, ужина доцна навечер и појадок рано наутро до 06:00 часот: 00, сладолед во одредено време, свеж сок од портокал само со појадок, сите домашни и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, A'la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот, детско катче со микробранова печка и блендер.
Со доплата: премиум увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци, пијалоци кои не се на списокот на Мени, свежи овошни сокови, енергетски пијалоци, специјални вина, услуга во соба.
Содржината
Хотелот располага со главен ресторан на отворено бифе - самопослужување, избор од повеќе јадења (шведска маса), A'la Carte ресторани еднаш за време на престојот со резервација (турски, италијански, мексикански, кинески, риба), слаткарница, барови во хотелскиот комплекс, диско клуб.
Со доплата: лекарска услуга, детска градинка, фризер, телефон, факс, интернет катче, компјутерски игри, перална, хемиско чистење, трговски центар, изнајмување на автомобили.
Плажа
Плажата на хотелот е песочна, камена и камчеста. Лежалки, чадори и пешкири за плажа се бесплатни.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за деца и возрасни, аква парк, фитнес, турска бања, сауна, одбојка на плажа, тениски терени, забавна програма со професионален тим во текот на денот и вечерната шоу програма, мини клуб за деца од 4 до 11 години , јуниорски клуб за возраст од 12 до 16 години со специјални програми, кино, музика во живо.
Со доплата: спортови на вода, салон за убавина и СПА, масажа, осветлување за тениски терени, тениска опрема, часови по тенис, билијард и компјутерски игри.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Kızılağaç, Sunis Elita Beach Resort Hotel & Spa, Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps