
ALARCHA HOTELS & RESORT
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Локација
Хотелот се наоѓа во областа Кизилот, на 100 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 430 соби во една главна зграда. Еко соби (31 м², една спална соба со дупли кревет и софа, купатило, соби само со поглед на копно), Стандардни соби (31 м², спална со дупли кревет и единечен кревет, купатило, макс. 2+1 лице), Сениор соби (37 м², спална сo дупли кревет, купатило, макс. 2 лица). Сите соби се со балкон, приватно купатило со туш, када и фен, бањарки, влечки, клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци и пиво се дополнуваат секој ден), бокал, сет за чај и кафе, сеф, ламинатен под сателитска тв и музички каналки, WI-FI, балкон.
Услуга
Ултра Сѐ вклучено шведска маса за појадок, доцен појадок, утринска ужинка, ручек, попладневна ужина, торта, кафе, чај, вечера, полноќна ужина и ран појадок. Сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијлоци, храна и пијалоци после 24-00 часот, сладолед во одредено време, мини бар со вода и безалкохолни пијалоци се дополнува секој ден, диететска и детска храна само во главниот ресторан. Не е вклучено: увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци кои не се на менито, сите флаширани пијалоци, енергетски пијалоци, свежо цедени сокови, специјални вина, услуга во соба, À la Carte ресторани со претходна резервација и доплата.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани - турски, италијански и рибен ресторан, барови насекаде околу хотелскиот комплекс, диско клуб. Доктор, перење, шопинг центар, изнајмување кола, WI-FI бесплатно.
Плажа
Хотелска приватна плажа со песок и камчиња. Крпи, лежалки и чадори се бесплатни.
Спорт и забава
Внатрешен и надворешен базен, базен за деца, слајдови на вода, фитнес центар, сауна, турска бања, парна соба, пинг понг, одбојка на плажа. Со доплата: масажа, велнес центар, билијард и соба за игри, спортови на вода. Забавни програми, натпревари, шоу програми навечер, мини клуб за деца. Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Örenşehir, Alarcha Hotels & Resorts, Tepealtı Mevkii, Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps