Прескокни кон содржината
RAYMAR RESORT & AQUA
Повлечи за повеќе слики

RAYMAR RESORT & AQUA

СидеUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

 
Хотелот се наоѓа во Окурчалар, за околу 36 км од Аланија и 90 км од аеродромот во Анталија. 

Сместување 
Вкупно 266 соби во 6-катни згради. Стандардни соби (24-32 м², една спална со француски кревет и еден единечен кревет, купатило, макс.2+1 лице). Фамилијарни соби (38-42 м², две спални соби одвоени со врата, купатило, макс. 4 лица). Сите соби се со балкон, приватно купатило со туш, када и фен, централна клима која работи според временските услови, телефон мини бар (сокови, обична и минерална вода се дополнува секој ден), сеф, сателитска ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет, балкон. 

Услуга 
Ултра Сѐ Вклучено – шведска масаза појадок, доцен појадок, закуски наутро, ручек, попладне закуски, торти, кафе, чај, вечера, полноќно бифе. Сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00-02:00, детско и диететско бифе во главниот ресторан, À la carte ресторани со претходна резервација и еднаш за мин. Престој од 7 дена. Не е вклучено: увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци кои не се на менито, флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, специјални вина, услуга во соба, увозни пијалоци во À la carte рестораните. 

Содржини 
Главен ресторан за шведска маса, À la carte ресторани (турска, мексиканска кујна, рибен ресторан), барови низ хотелскиот комплекс, диско клуб. Доктор, фризер, перење алишта, продавници, изнајмување кола се со доплата. Wi-Fi интернет во лоби е бесплатно. 

Плажа 
Хотелска приватна плажа со камчиња и песок. Лежалки, чадори и крпи за на плажа се бесплатни. 

Спорт и забава 
Надворешни и внатрешни базени, детски базени, тобогани, фитнес центар, сауна, турска бања, тениски терен, пинг понг, одбојка на плажа, кошарка, мини голф се бесплатни. Осветлување на тениски терен, опрема и часови за тенис, масажи, велнес центар, џакузи, билијард, играчница, спортови на вода и школа за нуркање се со доплата. Забавни програми и натпревари во текот на денот, шоу програми навечер, мини клуб за деца се само дел од богатата програма.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Boztepe, Raymar Resort & Aqua, Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps