Прескокни кон содржината
SUNMELIA BEACH RESORT
Повлечи за повеќе слики

SUNMELIA BEACH RESORT

СидеAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во областа Kizilagac, 70 км од аеродромот во Анталијаи 10 км од Side и Manavgat. Сместување Вкупен број на соби 590. Стандардни соби: 366 (36m²,една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице), Стандардни соби со кревети на спрат: 105 (40m², една спална соба француски кревет и кревети на спрат, едно купатило, макс. 2+2 лица), Фамилијарни соби: 86 (60m², две спални соби со врата измеѓу, две купатила, макс. 4 лица), Економски соби: 12 (31m², една спална соба, едно купатило, без балкон, макс. 2+1 лице). Сите соби се со приватно купатило со туш, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со безалкохолни пијалоци и вода), сеф(се доплатува), керамички под, сателитска телевизија и музички канали, балкон. Услуга All inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, попладневни колачи, чај, кафе, вечера, супа на полноќ, A’la Carte ресторани со претходна резервација еднаш во една недела во некои од нив, сладолед во траење од еден час попладне, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 24:00 часот. Не е вклучено : сите увозни пијалоци, пијалоци после 24:00 часот, свежи овошни сокови, сите флаширани пијалоци, послуга во соба, сите пијалоци во Disco club. Содржини Главен ресторан Acacia со шведска маса, A’la Carte ресторани : Турска кујна – Ottoman, Olive – Италијанска кујна, Bonsai – Кинеска кујна, Рибен ресторан со претходна резервација, лоби бар, snack бар, бар покрај базен и на плажа, Disco club. Доктор, услуга за перење, бебиситер, фризер, теелефон, факс, интернет, компјутерски игри, шопинг центар, рент а кар дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет конекција до 50Mb во лоби е бесплатна. Плажа Хотелска приватна плажа, песок и камчиња, со бесплатни лежалки, чадори и пешкири на плажа. Спорт и забава Надворешни и внатрешни (затворени за време на летна сезона) базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, Турска бања, сауна, фитнес центар, тениски терени, пинг – понг, одбојка на плажа се бесплатни. Масажа, спортови на вода, куглање, билијард, компјутерски игри, осветлување за тениски терени и опрема за тенис, Wellness и центар за убавина дополнително се наплатуваат. Забавни програми во текот на денот и навечер. Мini Club за деца од 4 – 12 години и Teeny Club помеѓу 11 – 15 години.

1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА

Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите. 1 ден | СКОПЈЕ - АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 2 - Претпоследен ден| ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. Последен ден | АНТАЛИЈА - СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. » Аеродромски такси. » Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. » Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). » Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. » Организација на програмата. ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: » Задолжително здравствено патничко осигурување. » Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

» Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции...), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. " ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Kızılağaç, Sunmelia Beach Resort Hotel SPA, Manavgat/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps