Прескокни кон содржината
7N IDYLLIC AEGEAN
Повлечи за повеќе слики

7N IDYLLIC AEGEAN

Миконос

1.ден (недела) 16.04.2023 СКОПЈЕ - СОЛУН

Состанок на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 06:30 часот. Поаѓање кон Грција во 07:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица - Евзони.
Пристигнување во Солун во пладневните часови. Трансфер до пристаништето и комплетирање на формалностите за влез на бродот и запознавање со бродот Celestyal Crystal. Во вечерните часови, го напуштаме фасцинантниот и живописен град и испловуваме кон нашата прва дестинација. Ноќевање.

2.ДЕН (понеделник) 17.04.2023 КУШАДАСИ

Нашето утринско пристигнување во Кушадаси, ни дава цел ден за активности и доживувања, доволно време за да го истражиме шарениот град со многубројни хотели, ориентални продавници, ресторани и кафетерии, убави плажи, кој е крајбрежната порта до античките урнатини на Ефес, познат по едното од седумте чуда на античкиот свет - храмот на Артемида. Ноќевање.

3.ДЕН (вторник) 18.04.2023 КРИТ (ХЕРАКЛИОН)

Деновите во кои крстариме помеѓу грчките острови ги започнуваме со Крит кој е најголемиот остров на Грција и петти по големина во Медитеранот. Место на митови и легенди. Ќе имате можност да го посетите главниот град Хераклион, запознаете дел од неговата извонредна историја и да дознаете повеќе за уметноста и креативноста на античките Минојци. Ноќевање.

4.ДЕН (среда) 19.04.2023 САНТОРИНИ

Нашата одисеја продолжува кон Санторини, каде ќе поминеме една вечер и чие неверојатно лице е веднаш препознатливо низ целиот свет. Сигурни сме дека ќе ви го одземе здивот, со високите пејзажи, нанижани варосани куќи во главниот град Фира, неверојатното зајдисонце и, се разбира, иконската црква со сина купола во Иа. Не заборавајте да посетите еден од многуте ресторани наредени на работ на калдерата.
Во вечерните часови можете да истражувате во слободното време или едноставно да се опуштите на палубата пиејќи коктели или чаша убаво вино. Ноќевање.

5.ДЕН (четврток) 20.04.2023 МИКОНОС

Островот на ветровите не очекува. Имаме цел ден за разгледување и прошетки низ стариот град со неговите беспрекорно варосани куќи, кривулестите улички, убави мали цркви и прекрасни ресторани на работ на брегот. Несомнено ќе ја препознаете разгледницата со бели ветерници наредени една до друга, со поглед кон морето. Ноќевање.

6.ДЕН (петок) 21.04.2023 МИЛОС

Можеби ќе спиете кога ќе заминеме од Миконос, но набргу ќе бидеме во Милос, островот на боите. Ќе имате време да го истражите главниот град Плака, катакомбите стари 2.000 години или едноставно да го впиете сонцето на рамните карпи на прекрасната плажа Саракинико. Вистинската убавина на овој навистина прекрасен остров може да се најде во неговите зачудувачки пејзажи, карпестите формации извајани од ветровите и морето, меките песочни плажи, осамени заливи и кристално чисти аквамарински води. Во уметноста Милос е овековечен со прекрасната Милоска Венера, едно од најпознатите дела на античката скулптура, кое е видно изложено во Музејот Лувр.Ноќевање.

7.ДЕН (сабота) 22.04.2023 АТИНА

Пристигнување во Атина за ден на уживање, во грчки стил, можете да изберете како да го поминете денот. Да ги посетите спомениците што ги знаете од легендите и историјата? Да се восхитувате на погледот на градот од Акропол? Или купувајте подароци за да го споделите вашето патување со најблиските дома! Се зависи од вас.
Откријте ја величествената античка Атина од возбудливите митови и легенди, неповторливите уметнички дела, совршени антички градби, мислите на големите филозофи и поети, колевка на демократијата и западната цивилизација. Впуштете се во современиот тек на комополитскиот град, со модерна и урбана архитектура, богат културен живот и динамично секојдневие. Го напуштаме историскиот и класичен главен град на Грција и отпловуваме на нашето ноќно патување до Солун.Ноќевање.

8.ДЕН (недела) 23.04.2023 СОЛУН - СКОПЈЕ

Пристигнување во Солун околу 10:00 часот. Ја завршуваме сопствената Егејска Одисеја носејќи со себе нови спомени и незаборавни искуства. Напуштање на бродот во претпладневните часови. Патувањето продолжува кон Македонија, со попатни кратки застанувања. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

Вклучено

Во цената на аранжманот е вклучено:
• превоз со туристички автобус/минибус Скопје-Солун-Скопје
• сместување во кабини од понудениот избор, на бродот Celestyal Crystal
• пристанишни и други такси
• бакшиш
• полн пансион (појадок, ручек и вечера)
• селектирани пијалоци вклучени во оброците во главниот ресторан (не важи во специјални ресторани)
• дневни и ноќни активности, забавна програма, анимација
• *попуст на екскурзии од 75 € по лице (со резервација пред поаѓање)
• забава и дневни активности на брод
• придружник од агенцијата за време на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:
• останати екскурзии
• услуги во салон за убавина и СПА центар
• интернет
• медицински услуги
• патничко осигурување
• доплата за пакет ENHANCE (240 €)

ДОПЛАТА ЗА ПАКЕТ ENHACE: за само 240 €
Вклучува:

  • Премиум пакет на пијалоци (возрасни и деца)
  • Дополнителни 75€ попуст на екскурзии
  • Интернет WiFi пристап (1h на ден)
  • Попуст до 25% на speciality menu во Aegean ресторан

Екскурзии

Пакет екскурзии со попуст од 15% (вклучува):
✔ Панорамски разглед на Солун (THS-06)
✔ Античкиот Ефес низ вековите (KUS-02)
✔ Пејсажите на Миконос со Хора и Малата Венеција (MYK-06)
✔ Милос - чекор назад во времето (MIL-02)
Цена на пакетот ВОЗРАСНИ 257 €, ДЕТЕ 190 € (вклучува 15% попуст)
Со цена INCLUSIVE : ВОЗРАСНИ 182 €, ДЕТЕ 115 €
Со цена ENHANCE : ВОЗРАСНИ 107 €, ДЕТЕ 40 €
Цените се по лице со применет попуст

Пакет екскурзии со попуст од 10% (вклучува):
✔ Античкиот Ефес низ вековите (KUS-02)
✔ Минојската палата на Кносос - 1-ва европска цивилизација (HER-02)
✔Спектакуларното село Иа сместено на работ на Калдерата на Санторини (SAN-01)
Цена на пакетот ВОЗРАСЕН 213 €, ДЕТЕ 159 € (вклучува 10% попуст)
Со цена INCLUSIVE: ВОЗРАСНИ 138 €, ДЕТЕ 84 €
Со цена ENHANCE: ВОЗРАСНИ 63 €, ДЕТЕ 9 €
Цените се по лице со применет попуст

Напомена

Напомени:

  • Промени во рутата на патување се можни во случај на неповолни временски услови
  • За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници.
  • За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

 

Локација

Mykonos, Mikonos, Greece

Отвори во Google Maps