
BARON PALACE
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Сал Хашиш, околу 17 km од аеродромот и околу 20 km од центарот на Хургада. Има шатл автобус до Хургада.
Сместување
Вкупно 615 соби.
Deluxe room (45 m², еден дупли или два единечни кревета, дел за седење, можност за дополнително легло, купатило, макс.2+2 деца, поглед кон копно или море).
Family suite (52 m², една спална со две софи, делумен поглед на море, на приземје, макс. 2+2 лица).
Club room sea view (45 m², еден дупли или два единечни кревета, дел за седење, купатило, макс.2 лица, поглед кон море).
Swim up suite (52 m², спална соба со дупли кревет, дел за седење, поглед кон море, директен пристап до базен, макс. 2 лица).
Panorama sea view suite (85 m², една спална со дупли кревет, можност за дополнително легло, дел за седење, трпезариска маса, поглед на базен и море, купатило, макс. 2+2 деца).
Presidential swim up suite 1 bedroom (148 м², спална соба со дупли кревет, посебен дел за седење, трпезарија, директен пристап на базен, макс. 2 лица).
Presidential swim up suite 2 bedrooms (148 м², една спална соба со дупли кревет, друга спална соба со два единечни кревети, можност за дополнително легло, посебен дел за седење, трпезарија, директен пристап до приватен базен, посебен дел со кабана на плажа, макс. 5 лица).
Royal suite with private pool (290 m², спална соба со дупли кревет, гардеробер, лаунџ, дневна соба, 24/7 батлер, када и џакузи со делукс козметички производи, трпезариска маса, поглед кон море, приватен базен и тераса, макс. 2 лица).
Grand royal suite with private pool (380 m², две спални соби, една дневна соба, када и џакузи со делукс козметички производи, лаунџ, тераса, приватен базен, макс. 4 лица).
Сите соби имаат приватно купатило со туш или када, фен, телефон, вага, балкон, сеф, минибар, клима, ТВ со сателитски и музички канали, интернет, прибор за пеглање (на барање), сет за кафе и чај, електричен бокал, избор на перници, неограничено користење на À la carte рестораните (освен јапонскиот ресторан).
Услуга
Премиум Сѐ Вклучено – појадок, доцен појадок, ручек и вечера, закуски во текот на денот, À la carte ресторани со египетска, мексиканска, азиска, италијанска, скара и морска храна, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци, кафе, чај, локални коктели, бар за тинејџери со безалкохолни пијалаци и смути, бар само за возрасни.
Со доплата се увозни пијалаци, пури, флаширани пијалаци, свежо цедени сокови, услуга во соба, наргиле, À la carte ресторан со јапонска храна.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, 6 À la carte ресторани, барови низ хотелскиот комплекс.
Доктор, чување деца, перење и пеглање, конференциска сала, телефон, изнајмување кола, фризер, весници (списанија), продвници се со доплата. Wi-Fi интернетот е бесплатен.
Плажа
Хотелска песочна плажа долга 600 m. Плажата има еден мал дел со корални гребени, а поголемиот е зона за капење со плитка вода. Лежалки, чадори за сонце и крпи се бесплатни.
Спорт и забава
Базени за возрасни и деца, релакс базен, џакузи, часови по ориентален танц, одбојка и фудбал на песок, аеробик, ватерполо, бока (куглање на песок), пинг-понг, тенис и тениски терени, билјард.
Се наплаќа: спортови на вода, осветлување на тениските терени, СПА центар и третмани, сауна, нуркање.
Забавни програми во текот на денот, шоу програми навечер. Клуб за деца, посебен дел за анимации на деца на плажа и покрај базен.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Baron Palace Sahl Hasheesh, Hurghada, Egypt
Отвори во Google Maps