
IBEROTEL CASA DEL MAR RESORT
Положба
Хотелот се наоѓа во Мемша, на 5 минути од аеродромот во Хургада.
Сместување
Вкупно 202 соби.
Superior pool view (36 m², спална соба, софа, купатило, макс.2+1 дете).
Соби за лица со попреченост. Superior deluxe rooms (36 m² спална соба, две софи, купатило, макс. 2+2 деца, или 3 возрасни).
Family suite (51 m², спална соба со две софи, дневна соба со дополнително легло, купатило, макс. 3+1 дете).
Fitness suite (60 m², спална соба, фитнес реквизити, купатило, макс. 2 возрасни).
Сите соби имаат приватно купатило со туш, фен, клима, телефон, мини бар, сеф, сателитска ТВ, сет за кафе и чај, електричен бокал, балкон или тераса со поглед на базен или градина.
Услуга
Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, ручек, вечера, закуски во текот на денот, кафе, чај, колачи и слатки, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци, коктели, бар покрај базен и во лоби.
Со доплата се увозни пијалаци, пијалаци во шише и лименка, енергетски пијалаци, свежо цедени сокови, италијански À la carte ресторан е со претходна резервација и со доплата, услуга во соба, наргиле.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, италијански À la carte ресторан, бар покрај базен, бар на плажа.
Со доплата се доктор на повик, чување деца, перење алишта, телефон, факс, приватни трансфери со лимузина, салон за убавина, продавници, изнајмување кола. Wi-Fi интернет на јавните места е со доплата.
Плажа
Хотелска песочна плажа (гостите ја користат истата плажа со Jaz Casa Del Mar Beach). Лежалки, чадори за сонце и крпи се бесплатни за користење.
Спорт и забава
Базени за возрасни и деца (еден е загреан во зима), тобогани, џакузи на отворено, теретана, аква гимнастика, аеробик, јога, пикадо.
Со доплата се спортови на вода, сауна, турска бања, третмани и масажи во СПА центарот (во Jaz Casa Del Mar Beach), спортови на вода, нуркање, билијард.
Забавни програми во текот на денот, шоу програми навечер, забави покрај базен.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Iberotel Makadi Beach، Hurghada, Egypt
Отвори во Google Maps