Прескокни кон содржината
HILTON HURGADA PLAZA
Повлечи за повеќе слики

HILTON HURGADA PLAZA

ХургхадаAll Inclusive

Локација

Hilton Hurghada Plaza 5* е еден од првите и најпознатите хотели во Хургада. После неколкугодишно темелно реновирање хотелот е повторно пуштен во употреба во 2019год. Се наоѓа во близина на стариот центар Дахар, само 15-минутно возење од меѓународниот аеродром Хургада, односно на 13км од аеродромот и 8км од центарот - Сакала. 

Соби
Хотелот располага со 495 единици за сместување од различен тип, распределени во една главна зграда на 6 спрата и еден страничен помал објект покрај плажа каде се наоѓаат премиум собите во кои има и мала кујничка. Има соби со балкон и соби без балкон, соби со поглед кон море и соби со страничен поглед, но сите хотелски соби се светли, елегантно декорирани со бои од песок и богати ткаенини. Располагат со мини бар,тоалет, фен за коса, сет за чај и кафе, ТВ... 

Содржини
Во склоп на хотелот гостите на располагање имаат 2 отворени и еден детски базен со лизгалки за деца. Базените се загреваат во зимските  месеци. Понудата на спортски содржини и активности вклучува терени за тенис, одбојка, сквош, пинг понг, фитнес центар сауни, различни водени спортови, анимации за возрасни и деца, детски клуб .. До центарот на Хургада може да се стигне со секојдневно организиран шатл превоз (со доплата). Хотелот нуди повеќе ресторани и барови, вклучувајќи ресторан за морска храна со поглед на марината. Појадок ручек и вечера се служат во главниот ресторан а има и дополнителни два А Ла Карт ресторани кои може да се користат без доплата по еднаш во период од 7 дена. На располагање се повеќе барови кои служат пијалоци, вклучително и бар на плажа. WIFI бесплатен интернет е достапен во целиот хотел. 

Плажа
Хотелот располага со сопствена песочна плажа, на која еден мал дел е со корални гребени и е погоден за нуркање, а останатиот дел е песочен со лесен и пријатен пристап во вода.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Hilton Hurghada Plaza, Gabal El Hareem Street, Hurghada 2, Egypt

Отвори во Google Maps