
JAZ MAKADI STAR RESORT & SPA
Положба
Хотелот се наоѓа во Мадинат Макади, на 30 км од аеродормот во Хургада.
Сместување
Хотелот има вкупно 325 соби. Супериор соби (32 м², дупли кревет или два единечни, едно купатило, макс. 2+1). Супериор Фамилијарни соби (45 м², една спална со дупли кревет, две софи, дел за седење, едно купатило, макс.2+2 или 3+1). Јуниор Апартмани (80 м², една спална соба со дупли кревет, една дневна соба, едно купатило, поглед на базен, макс.3 лица или 2+1). Кралски апартман со приватен базен (165 м², една сплана со дупли кревет, една дневна соба, приватен базен со градина, едно купатило, макс.2). Сите соби имаат сеф, клима систем, фен, балкон или тераса, сателитска ТВ, директен телефон и минибар со доплата.
Услуга
Сѐ вклучено појадок, доцен појадок, ручек, вечера, локални пијалоци од 10:00 до 00:00, ужина, чај и колачи, сладолед и вафли во одредено време. Хотелот има повеќе À la carte ресторани - италијански, индиски, азиски,ориентален, медитерански ресторани, во кој може да се користи една вечера бесплатно во еден од рестораните со претходна резервација. Сѐ што е надвор од концептот е со доплата.
Плажа
Плажата е на 400 м од хотелот. Крпи за плажа/базен се наоѓаат во собата.
Спорт и забава
Хотелот има базен кој се загрева во текот на зимата, фитнес сала, анимациски содржини, дневни програми и вечери со жива музика, аеробик, кошарка, билијард. Со доплата нуркање и останати спортови и активности на вода и плажа, тенис, голф центар.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Jaz Makadi Star & Spa, Hurghada, Egypt
Отвори во Google Maps