
PICKALBATROS WHITE BEACH RESORT
Локација
Овој луксузен и семеен хотел, се наоѓа во Хургада, во центарот на туризмот во Мемша.Тој е на одалеченост од 5 километри од Новата Марина во Сакала и 6 км од аеродромот.
Соби
Хотелот им 473 модерни соби со полн комфорт.Ситe соби имаат бања (туш / WC), сателитска ТВ, телефон, клима уред, сеф, Wi-Fi, кафе и чај, мини бар и балкон или тераса. Стандардни соби (40м2), Junior Suite апартмани (70m2 - бања туш и џакузи када), апартман (90м2 -120m2 - спална соба и дневна соба (бања туш и џакузи када).
Содржини
Хотелот има 5 ресторани: Италијански ресторан " Soprano" азиски ресторан "L'Asiatique," Ориентален ресторанот " Saffron", a'la carte ресторан " Wow," food court-snack ресторан на плажа и 7 барови: лоби бар Sport bar, White Bar, Millenium bar, Olympus bar, Red Sky bar-Shisha corner, бар на плажа (како дел од снек ресторани), продавници, фризерски салон, интернет (Wi-Fi е бесплатно во сите области на хотелот) перење и пеглање.
Спорт и забава
Гостите имаат пристап до 2 отворени базени за возрасни (еден во зима со греење), 4 базени за деца (зимски греење), 16 тобогани за деца, пинг-понг, мини голф, одбојка и тенис, билијард и пикадо . Како дел од модерниот спа центар има соби за масажи и разни третмани, џакузи, сауна, турска бања и фитнес. За најмладите гости во хотелот нуди на 4 базени со тобагани, игралиште, Kids Room и детска анимација. Гостите имаат пристап до крпи, лежалки за плажа и чадори покрај базенот и на плажа.
Плажа
Хотелот има сопствена песочна плажа долга 150 метри.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Albatros White Beach Resort, The Corniche, St، Hurghada, Egypt
Отвори во Google Maps