Прескокни кон содржината
BEACH ALBATROS RESORT HURGHADA
Повлечи за повеќе слики

BEACH ALBATROS RESORT HURGHADA

ХургхадаAll Inclusive

Локација

Хотелот е дел од познатиот ланец на хотели Pickalbatros, зафаќа површина од 123.000 m2 низ прекрасно уредени градини и базени. Се наоѓа на сопствена песочна плажа, со мал корален гребен, веднаш до хотелот Албатрос Палас од истиот синџир, во јужниот дел на Хургада. 12 км од Сакала, 7 км од Мемша и 10 км од аеродромот 

Плажа
Хотелот има своја преубава песочна плажа.  На плажата има мал дел со корален гребен, кој привлекува голем број љубители на подводниот свет, а поголемиот дел од плажата е песок. Влезот во вода  постепен и пријатен и во овој дел нема изразени плими и осеки. Чадори, лежалки и пешкири се бесплатни за гостите на хотелот на плажа. 

Сместување
Хотелот располага со вкупно 678 соби и сите имаат балкон или тераса, бања со туш кабина, фен, сателитска LCD телевизор, клима, мини бар, сеф. Стандардните соби се со големина од околу 24 м2, а стандардните соби со поглед на море се наоѓаат во главната зграда. 

Содржини
Покрај главниот ресторан, хотелот  има 5 a la carte ресторани (L'Asiatique, Alfredo, Si Omar, Salsa и Zum Kaiser), 9 тематски барови (Club MC, Dolce Vita Lounge Bar, Mocha Bar, Cinderella Bar, Cappuccino Бар, Columbus Cafe, Jazz Bar, COOEE Bistro и Red Sky Bar), wi-fi низ целиот хотел, менувачница, неколку продавници, изнајмување автомобили, салон за убавина и услуга за перење и пеглање. Albatros Beach Resort има 8 надворешни базени за возрасни (од кои 5 се за деца), детски базен (во текот на зимската сезона, 5 базени за возрасни и детски базен се загреваат), лизгалки за возрасни и за деца, џакузи на отворено само за возрасни, пинг понг, билијард, 2 тениски игралишта, кошаркарско игралиште, теретана, пинг понг, одбојка на плажа, мини-фудбал, мини-голф, ватерполо, аеробик, боче, пикадо, разни спортови на вода , центар за нуркање и анимација (ден и навечер). Гостите можат да се релаксираат и во спа-зоната, која вклучува џакузи, сауна, турски и парни бањи, како и соби за масажа и разни третмани. Мини клуб и игралиште со анимација за најмладите гости.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Beach Albatros Resort، Hurghada - Safaga Rd, Hurghada, Egypt

Отвори во Google Maps