Прескокни кон содржината
STEIGENBERGER RAS SOMA
Повлечи за повеќе слики

STEIGENBERGER RAS SOMA

Сома БаиAll Inclusive

Локација

Доколку барате место за да го поминете вашиот одмор што ќе ги исполни сите ваши очекувања и желби на најлуксузно ниво, тогаш Steigenberger Resort Ras Soma е вистинскиот избор! Хотелот е еден од најновите хотели во Хургада, на 55 километри од аеродромот, лоциран во заливот Сома, познат по прекрасните песочни плажи и тиркизните бои на морето. 

Сместување
Хотелот располага со 409 различни, модерни и луксузно опремени соби. Супериор собите (двајца возрасни) од 50м2 се со поглед на базен, делумен поглед на море и поглед на море. Гранд супериор собите се попространи (2 возрасни + 1 дете) и можат да бидат со поглед на базен, делумен поглед на море и поглед на море. Ресортот Steigenberger Ras Soma има и Executive Swim Suites, Royal Swim Suites, Private Villas со приватен базен, на плажа, со две или три спални соби. Секоја соба има бања, фен, смарт ТВ со сателитски канали, мини бар, два телефона, сеф, апарат за кафе и чај, клима уред, крпи за плажа и базен, тераса и wi-fi. 

Содржини
За љубителите на Медитеранот, како и за оние кои уживаат во вкусовите на азиската, ориенталната и либанската кујна, Steigenberger Resort Ras Soma нуди неколку ресторани: главниот ресторан Kahramana, Cabana Pool Side Restaurant - италијанска кујна, Maya Beach Restaurant & Bar - Рибни специјалитети, јапонски и азиски специјалитет ресторан Бенисума - само за гости над 16 години и либански специјалитет ресторан Arabesque. Гостите на Steigenberger Resort Ras Soma имаат на располагање и неколку барови - во фоајето, до базенот, на плажа: Safari Lobby Bar & Lounge (24 часовна услуга), Cabana Pool Bar, Aqua Bar Maya Beach Bar и The Shisha. Хотелот располага со менувачница, аптека, лекарски услуги, услуги за перење и пеглање. Хотелот има неколку надворешни базени: два олимписки, детски базен, одбојка на плажа, дневна и вечерна анимација погодна за најмладите, терени за пинг-понг, тенис и јога. За гостите кои сакаат да се одморат и релаксираат, има модерен велнес центар и теретана Mividaspa. 

Плажа
Овој хотел располага со прекрасна голема песочна плажа која е луксузно уредена и многу пријатна, поделена во два дела. Едниот дел на плажата е со корален гребен кој ги привлекува љубителите на подводниот свет додека другиот поголем дел е беспрекорно чист и со постепен влез во вода. На гостите им се достапни чадори и лежалки за сонце без доплата.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Steigenberger Resort Ras Soma, Safaga, Egypt

Отвори во Google Maps