
CONTINENTAL HOTEL
Локација
Хотелот има идеална локација, на почетокот пешачката зона Memsa, новиот туристички дел од Хургада. Тој е одалечен 7 км од центарот на Sakala и 8 км од аеродромот.
Соби
Хотелот располага со 252 соби и 15 апартмани со приватен бања (туш / WC), фен, ЛЦД телевизор, телефон, клима уред, сеф, мини бар, балкон, тераса или прозорец од подот до таванот.
Содржини
Покрај главниот ресторан, хотелот нуди 4 a la carte ресторани: Италијански, морска храна, скара, услуга на освежителни пијалоци во барот со панорамски тераса и прекрасен поглед на Црвеното Море. Има барови на плажа, базен и познатат ‘’Kапетанов Бар’’, препознатлив по својот широка понуда на коктели. Во рамките на хотелот има дискотека, интернет во лобито, сервис за перење и пеглање, неколку продавници и салон за убавина.
Спорт и забава
Хотелот располага со отворен базен со детски дел (загреан во зима), билијард, пинг-понг, тениски игралишта, 2 сквош игралишта, фитнес центар, добро опремена центар за гњурење и бројни спортови на вода. Спа центарот вклучува соби за масажа, сауни и џакузи. Анимацијата и забавата ја организира професионален тим на аниматори, за возрасни и помлади гости. Гостите можат да користат лежалки, чадори и крпи без дополнителни трошоци.
Плажа
Хотелот има песочна плажа долга 300 метри, опкружен со градина и зеленило.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Continental Hotel Hurghada، Hurghada, Egypt
Отвори во Google Maps