Прескокни кон содржината
SERENITY ALPHA BEACH ( EX- MAKADI BEACH )
Повлечи за повеќе слики

SERENITY ALPHA BEACH ( EX- MAKADI BEACH )

Макади БаиAll Inclusive

Локација

Овој голем ресорт опфаќа 400.000м2, опкружен е со зелена градина и се наоѓа на самиот брег на Црвено Море, Хотелот е изграден во Марокански стил, во заливот Макади, оддалечен од центарот на Хургада 40км. а од аеродромот 36км. 

Сoби
Хотелот има 714 соби и апартмани. Сите соби се просторни со удобен мебел, со купатило со фен, САТ ТВ, телефон, клима уред, сеф, мини бар и балкон или тераса. 

Содржини
Покрај главниот ресторан на гостите им се на располагање уште 7 ресторани, Либански, Италијански, Кинески, Суши, Рибен, ресторан покрај базен, бар покрај базен, бар на плажа, снек бар, бар во лоби, дискотека. Во хотелот има и продавници, апотека, банкомат, менувачница, салон за убавина, театар, интернет центар… 

Спорт и забава
Освен 5те надворешни базени кои се простираат на површина од 4000м2 за возрасни и за деца ( 2 со морска вода )на гостите им се на располагање и Пинг понг, теретана, мини голф, 3 тениски терени, терен за фудбал и одбојка, пикадо, нуркачки центар и спортови на вода. Во склоп на СПА центарот има простории за масажа. сауна, турска бања и џакузи. Професионален аниматорски тим организира дневна и вечерна забава како за за возрасни така и за деца. 

Плажа
Хотелот има  приватна плажа со понтонски мост а еден дел од плажата има песочен влез во море.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Serenity Makadi Beach، Hurghada, Egypt

Отвори во Google Maps