Прескокни кон содржината
SOLYMAR SOMA BEACH HOTEL
Повлечи за повеќе слики

SOLYMAR SOMA BEACH HOTEL

Сома БаиAll Inclusive

Локација

Solymar Soma Beach е новоотворен хотел и член на ланецот хотели  JAZ. Хотелот се наоѓа во Soma Bay помеѓу хотелите Carribbean Soma Bay и  Sentido Palm Royale, оддалечен на 45 км од меѓународниот аеродром во Хургада. 

Сместување
Хотелските соби се модерно опремени со клима уред, телевизор со сателитски канали, туш, фен, гардеробер  и приватна бања. 

Содржини
Хотелот содржи два базени, детски клуб и базен со тобогани, пинг-понг, билјард, игралиште за одбојка на плажа, куглање, јавање камила, Спа Мивида, центар за нуркање и спортови на вода, како и сурфање на ветер, амфитеатар со разни програми и анимации. Исто така, има неколку ресторани: главниот ресторан Оазис, Ремал ресторан на плажа, ориентален ресторан Фајруз, италијански ресторан како и барови: Барот Лаунџ во лобито, бар во базен, бар Waves на плажа и Шиша Корнер. 

Плажа
Приватната песочна плажа е една од најубавите долж брегот на Црвеното Море. Лежалки и чадори на плажа и базен се бесплатни. Услуга: All Inclusive, all inclusive според хотелските правила. Оброците се служат на бифе - самопослужување.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Solymar Soma Beach, Soma Bay, Hurghada - Safaga Road, Safaga, Egypt

Отвори во Google Maps