
CARIBBEAN WORLD RESORT SOMA BAY
Локација
Caribbean World Soma Bay е популарен семеен хотел кој освојува со својата прекрасно уредена градина полна со зеленило во Карипски стил, во заливот Сома, кој се наоѓа на една од најубавите песочни плажи во Хургада (долга речиси еден километар). Овој хотел се наоѓа на 40 км јужно од центарот на Хургата и 35 км од аеродромот.
Сместување
Хотелскиот комплекс се состои од 14 двоспратни вили, во кои има 529 соби и апартмани. Сите соби се комфортни со површина околу 50 м2 и опремени со купатило, фен, ТВ, клима, сеф, мини бар, балкон или тераса освен промо собите кои се помали и немаат тераса туку само прозор.
Содржини
Хотелот располага со 2 главни ресторани, и неколку Al carte (италијански, скара бар на плажа) како и повеќе барови (диско бар, бар покрај базен, ориентални бар, лоби бар и др.) На гостите на располагање им се дискотека, продавници за сувенири, менувачница, фризерски салон, интернет центар и банкомат. Спорт и забава: Хотелот има 3 надворешни базени, аква парк со 3 тобогани и детски базен. Од останатите содржи хотелот има тенско игралиште, пинг понг, билијард, теретана, одбојка на плажа, нуркачки центар, центар за сурфање, фудбал на плажа, спа центар кој во својата содржина нуди најразлични масажи, козметички третмани, хидротерапии, сауна, турска бања и џакузи. Анимацискиот тим организира богата дневна и вечерна анимација како и тематски вечери за возрасни така и за најмалите гости.
Плажа
Хотелот се простира на прекрасна огромна песочна плажа (140 000 m2) особено атрактивна за семејства со деца. На гостите покрај базенот и на плажата им се достапни крпи, лежалки и чадори.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Caribbean world resort, Soma bay, Safaga, Egypt
Отвори во Google Maps