
JAZ ROYAL PALMARIVA (EX LABRANDA ROYAL MAKADI)
Положба
Се наоѓа во заливот Макади, 35 км од центарот на Хургада и 30 км од аеродромот.
Сместување
Вкупно 505 соби, сместени во две главни двокатни згради и десет бунгалови. Стандардни соби (24 м², дупли кревет или два еднинечни кревета, едно купатило, макс.2+1). Фамилијарни соби (30 м², еден дупли и еден единечен кревет, едно купатило, мак.3+1). Бунгалови (32 м², на плажа, директен поглед на море, дупли кревет, едно купатило, макс. 2 лица). Сите соби имаат клима уред, сателитска ТВ, LCD телевизор, сеф, фен, електричен бокал, Wi-Fi интернет, балкон/тераса. Собите имаат страничен поглед на море, градина или базен, бунгаловите имаат директен поглед на море.
Услуга
Сѐ вклучено шведска маса за појадок, ручек и вечера, закуски, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, закуски во текот на денот и навечер, барови низ хотелскиот комплекс, À la carte ресторани се со претходна резервација (некои се со доплата). Со доплата се телефон, собна услуга, увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, свежо цедени сокови, наргиле, Coco Bar.
Содржини
Покрај главните ресторани и рестораните на плажа, хотелот нуди и неколку À la carte ресторани - Il Rondo (италијанска кујна), Taverna Paros (грчка кујна), Pequena Habana (кубанска кујна), Yum Asian Kitchen & Bar (азиска кујна) и Рокенрол Бургер Куќа. Во понуда се и неколку барови - Golden Sun Bar, Tropicana Pool Bar, Terrace Bar, Rock Pool Bar. Паркинг, лимузина, превоз до град, сервис за перење и пеглање, салон за убавина, фризер, продавници (накит, облека, сувенири), доктор, Спа и велнес, сауна. Се плаќа: парна бања, масажи, турски амам, простории за третмани.
Плажа
Хотелот има сопствена плажа, помал дел е со корален гребен, кој привлекува голем број љубители на подводниот свет, а најголемиот дел е плитка водена зона. Гостите на хотелот можат да користат лежалки и чадори за сонце бесплатно. Со картичката се доставуваат крпи (губењето на картичката хотелот ќе го наплати).
Спорт и забава
Хотелот нуди три базени (еден се загрева во текот на зимската сезона), еден детски базен, пинг понг, билијард, анимации, фитнес, одбојка на плажа, куглање, две тениски игралишта, теретана, базен за релаксација. Со доплата се спортови на вода, јавање коњи. За деца мини клуб и игралишта.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
LABRANDA Royal Makadi, Hurghada - Safaga Road, Hurghada, Egypt
Отвори во Google Maps