Прескокни кон содржината
ALI BABA PALACE & AQUAPARK
Повлечи за повеќе слики

ALI BABA PALACE & AQUAPARK

ХургхадаAll Inclusive

Локација

Хотелот се наоѓа на околу 11 километри од аеродромот и на околу 18 километри од центарот на Хургада. Комплексот е отворен во 2000 година, се простира на огромна површина од околу 120.000 м2 и нуди 756 соби. 

Плажа
Хотелот се наоѓа на приватна песочна плажа, еден помал дел е со корален гребен кој привлекува голем број љубители на подводниот свет, а другиот дел е за прекрасно капење. Гостите на хотелот може да ја користата плажата и на соседниот Alaadin Beach Resort. Користењето на чадори за сонце и лежалки на плажа е бесплатно. При влез во вода има камчиња и се препорачуваат обувки за плажа. 

Сместување
Хотелот нуди 756 соби и сите имаат балкон/тераса, клима уред, сателитска LCD ТВ, фен за коса, мини бар. Сефот е на рецепција и е бесплатен. Стандардните соби имаат поглед на градина или базен и се со големина од 33-35м2 (мал број на соби имаат поглед на море). Делукс собите имаат поглед на градина или базен, големини се 33-35м2. Семејните соби се состојат од две соби со површина од 33-35м2 (едната соба има брачен кревет, а другата два единечни кревети), собите се одделени со врата. 

Содржини
Услугата во хотелот е All inclusive - појадок, ручек, вечера (самопослужување - избор на повеќе јадења по хотелски правила). Концептот вклучува домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци, грицки, колачи и сладолед. Покрај главниот ресторан, гостите можат да користат и Bella Italia (италијанска кујна), Zomorodah (ориентална кујна) и Ali Baba Sushi Restaurant. Хотелот нуди и неколку барови - лоби бар, бар базен, бар на плажа и диско. Хотелот нуди неколку базени, детски базен, аква парк за деца, аква парк за тинејџери, 2 тениски игралишта, игралиште за кошарка и фудбал, пинг понг, одбојка, мини голф, анимација, теретана, часови по танц.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

4R3H+R3Q, Hurghada 1, Red Sea Governorate 1962206, Egypt

Отвори во Google Maps