Прескокни кон содржината
CAVES BEACH RESORT
Повлечи за повеќе слики

CAVES BEACH RESORT

ХургхадаAll Inclusive

Локација

Хотелот се наоѓа во северниот дел од Хургада, на околу 15 километри од аеродромот и околу 10 километри од центарот на градот. 

Информации
Caves Beach Resort е проектиран во уникатен и интересен пештерски стил, по примерот на познатите Flintstones. Отворен е во 2015 година, се состои од главна зграда и неколку четирикатни анекс згради, нуди 385 сместувачки единици. 

Сместување
Сите соби се уникатно дизајнирани, пространи, модерни и имаат клима, балкон или тераса, сеф, чајник, сателитска LCD телевизор, фен за коса. Стандардните соби се околу 40 m², луксузните соби се околу 50 m², а кралските соби се околу 60 m². Се плаќа: мини бар, телефон, услуга во соба и интернет. 

Содржини
Хотелот располага со 3 базени (базен за анимација и два базени каде што гостите можат да уживаат во целосна тишина), одбојка на плажа, аеробик, пинг-понг, пинг-понг, фудбалско игралиште, вечерна програма и гала вечери. Wi-Fi е бесплатен во лобито на хотелот. Во спа центарот гостите можат бесплатно да ја користат модерната теретана додека масажите се со одредена доплата. 

Плажа
Песочната плажа е прекрасно украсена и гостите на хотелот можат да користат пешкири, лежалки и чадори за сонце без доплата. Еден помал дел од плажата е со корален гребен, а поголемиот дел од зоната за капење е плитка вода и задолжителна употреба на чевли за капење. во овој дел од хургада плимите и осеките одредени периоди може да бидат многу изразени.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – ХУРГАДА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Хургада во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Египет и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)  
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Хургада, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.  
Последен ден - ХУРГАДА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Хургада во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Хургада – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата.  

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии. 
» Виза за влез во Египет (30 USD по лице) се плаќа на аеродромот во Хургада

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

Локација

Caves Beach Resort، K Alahya، Egypt

Отвори во Google Maps