Прескокни кон содржината
MC BEACH RESORT HOTEL
Повлечи за повеќе слики

MC BEACH RESORT HOTEL

АланијаAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Локација

Хотелот се наоѓа на 110 км од аеродромот во Анталија, 10 км од Аланија. Хотелот е отворен  во 1992 година, а последен пат е реновиран во 2012 година и се простира на површина од 30.000 m².

Сместување

Хотелот е на седум ката и има 468 соби. Секоја соба има бања, фен, централна клима, балкон, ТВ, телефон, мини бар,сеф, 100 MB интернет бесплатен.
Стандардни соби (за макс. 3+1 лица, површина 26-28 m²),
Стандардни соби за лица со посебни потреби (за макс. 2+1 лица, површина 26-28 m²)
Фамилијарни соби ( две посебни спални соби, за макс 4+1 лица, површина 36 - 40 m²).

Содржини

Хотелот има главен ресторан, 2 a la carte ресторани рибен и турски (еднаш по престој користење на еден ресторан бесплатно со резервација), 5 барови, 2 надворешни базени, 1 базен со лизгалки, 1 детски базен, 1 внатрешен базен, 1 внатрешен базен за деца, СПА центар, доктор (на повик), продавници, хемиско чистење, фризер, турска бања, сауна,  интернет, теретана, аеробик, одбојка на плажа, кошарка, пинг-понг, пикадо, програма за анимација, диско, 2 тениски игралишта, детско игралиште, мини клуб (4-12 години), бебиситерка (се доплата).
Со доплата: масажа, џакузи, куглање, интернет кафе, тениски терени во текот на ноќта, билијард, нуркање, спортови на вода, видео игри.

Плажа

Се наоѓа на сопствена, песочна и камчеста плажа. На плажата има кабини за пресоблекување, бесплатни се крпи, душеци, чадори и лежалки. Бесплатен е и барот на плажа.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Payallar, MC Beach Park Resort, Alanya/Antalya, Turkey

Отвори во Google Maps