
ORANGE COUNTY ALANYA
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Okurcalar, 30 км од Manavgat, 35 км од Аланија и 90 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 555. Стандардни соби со поглед на море &базен (60м², една спална, едно купатило, макс. 2+2лицe), стандардни соби со поглед на копно (40м², една соба, едно купатило, макс. 3+1лицe), Суит соби (60м², две спални соби, едно купатило, макс.3+1 лице). Сите соби се со купатило со туш, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува секојдневно само со вода и сокови), сеф, сателитска ТВ и музички канали, Wi‐fi интернет конекција, тепих или ламинат на под, балкон.
Услуга
Ултра Се вклучено‐ храна и пијалоци од 08.00‐24.00 часот, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, утринска и попладневна ужина, вечера, доцна вечерна ужина, локални и стандарни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, дел со сладолед во одредени часови. Специјални увозни пијалоци, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, специјални вина , A’la Carte ресторани со претходна резервација, услуга во соба се наплатуваат.
Содржини
Главен ресторан, А’la Carte ресторани‐ Турски, интернационален и рибен, барови низ целиот хотелски комплекс. Доктор, фризер, чување деца, сервис за перење и пеглање, телефон, факс, интернет, продавници, rent a car, компјутерски игри дополнително се наплатуваат. Wi‐fi интернет конекција во целиот хотел е бесплатна.
Плажа
Хотелска плажа, со камчиња, лежалки, чадори за сонце и пешкири за на плажа не се наплатуваат.
Спорт и забава
Отворен и затворен (затворен за време на летниот период) базени за возрасни и деца, 4 лизгалици на вода, фитнес центар, Турска бања, сауна, соба со пареа, тениско игралиште, пинг понг, кошарка, одбојка на плажа. Спортови на вода, масажа, СПА и Wellness центар, билијард дополнително се наплатуваат. Забавни програми во текот на денот, вечерни шоу програми. Мини клуб за деца.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Okurcalar, Orange County Resort Hotel, Okurcalar Alara Yolu, Alanya/Antalya, Turkey
Отвори во Google Maps