
SELECTUM NOA FAMILY BELEK
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Belek
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Белек на 35 km од аеродромот во Анталија и на 45 km од Анталија.
Сместување
Вкупно 254 соби во главна зграда и 344 соби во вили.
Standard rooms land view (25 m², во главна зграда, една спална соба со француски кревет или два единечни кревети + еден кревет на расклопување, едно купатило, макс.2+1 лице).
Villa family room garden (35 m², во градина, една спална соба со француски кревет и кревети на спрат или еден единечен кревет, едно купатило, макс. 4+1 дете).
Family suit (50 m², во главна зграда, една спална соба со француски кревет, две софи во дневна одвоена со врата, купатило, макс. 4+1 лице).
King Suit (98 m², лоциран во главна зграда, една спална соба, една дневна соба одвоени со врата, едно купатило со џакузи, макс.4+1 лице).
Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (обична и минерална вода, сокови и пиво се дополнуваат дневно), сеф, сателитска ТВ со музички канали, електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, ламинатен под, WI-FI интернет конекција, балкон.
Услуга
Ултра Сѐ вклучено – 24 часовна услуга - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, закуски, торти, чај и кафе, вечера, доцни закуски и ран појадок. Сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, опрема за подготвување бебешка храна, сладолед во одредено време, закуски, диететска и вегетаријанска храна, детско бифе. Снек бар на плажа со услуги до 18.00 часот, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот.
Во цената не се вклучени: увозни пијалаци кои не се на менито, специјални вина, флаширани пијалаци, некои специјални вина, шампањ, флаширани пијалаци, свежо цедени сокови, услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан – шведска маса, À la Carte ресторани: Harbour – рибен ресторан, Primavio – италијанска кујна, Tabla – турска кујна, барови на различни локации низ хотелскиот комплекс.
Доктор, фризер, чување деца, изнајмување на кола, перење и пеглање алишта, продавници, интернет кафе дополнително се наплатуваат. Wi-Fi интернет е бесплатен низ целиот хотел.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни. Павилјоните на плажа се со претходна резервација и доплата.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за деца и возрасни, тобогани, фитнес центар, сауна, турска бања, парна соба, тениски игралишта, пинг понг, кошарка, одбојка, мини фудбал, одбојка на плажа, мини голф, гимнастика.
Спортови на вода, осветлување за тениски терени, часови по тенис, масажа и џакузи, билијард, соба за игри, SPA центар дополнително се наплатуваат.
Забава преку ден на базен и плажа, вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 4-17 год поделени по групи, со разновидна програма во текот на денот и во вечерните часови.
Хотелот е реновиран во 2025
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Belek, Cesars Temple De Luxe, Serik/Antalya, Turkey
Отвори во Google Maps