Прескокни кон содржината
ADAM & EVE(ADULTS ONLY 16+)
Повлечи за повеќе слики

ADAM & EVE(ADULTS ONLY 16+)

БелекUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Belek

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во областа Белек, 35 km од аеродромот во Анталија и 45 km од центарот на Анталија.

Сместување

Вкупно 476 соби (во главната зграда) и 68 Вили.
Design standard room (64 m², страничен поглед на море, една спална соба со француски кревет, еден единечен кревет, едно купатило, соблекувална, макс. 2 лица). Има и соби за лица со попреченост.
Design room direct sea view (64 m², директен поглед на море, една спална соба со француски кревет, еден единечен кревет, едно купатило, соблекувална, макс. 3 лица).
Design Suite (120 m², една голема главна спална соба со француски кревет, уште една спална соба со два единечни кревети, две купатила, една соблекувална, тераса 70 m², макс. 3 лица).
King Suit (500 m², главна спална соба и уште две спални соби, една дневна соба, еден бар, една сауна, три купатила, три соблекувални, 192 m² тераса, макс. 6 лица).
Вили: Duplex Swim up (175 m², една спална соба со француски кревет, една дневна соба со два единечни кревети или еден дупли, сауна, две купатила, соблекувална, swim-up тераса, поглед на градина и базен, макс.4 лица).
Eve Villa (200 m², главна спална соба со дупли кревет, помала спална соба со два единечни кревети, дневна соба, една сауна, две купатила, една соблекувална, swim up тераса, поглед на градина и базен, макс. 4 лица).
Adam Villa (175 m², главна спална соба со дупли кревет, една дневна соба со единечен кревет, една сауна, две купатила, една соблекувална, swim up тераса, поглед на базен и градина, макс. 3 лица).
Presidential (Party) Villa (600 m², главна спална соба, уште две спални соби со по два единечни кревети, една дневна соба, бар, кујна, две сауни, три купатила, три соблекувални, приватна градина 500 m² и приватен базен од 80 m², поглед кон градина и базен, макс. 6 лица).
Сите соби во главната зграда се дизајнирани со епоксиден под и сите sидови се со огледала, така што секогаш можете да имате поглед на море или планина. Постои и дел за одмор кој што може да го дизајнирате како кревет или седечка гарнитура, француски кревети и има ролетни со кои може да бидете разделени од надворешноста. Во собите за две лица има релаксирачка бања со светлечки рефлекти во боја. Посебна бања со туш кабина, фен за коса. Посебен плакар (соблекувална), LCD телевизор од 106 см, мини бар (вода, безалкохолни пијалаци и пиво се надополнуваат секој ден) со мултифункционална маса, електричен бокал, сет со кафе и чај, централна клима што работи според временските услови, телефон, WI-FI (нормална брзина), балкон.

Услуга

Ултра сѐ вклучено - појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуски во текот на денот и доцна навечер, мини бар (се полни секојдневно), сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, сладолед за време на ручекот и вечерата, диететско мени, слатки и колачи.
Не се вклучени: луксузни увозни пијалаци, флаширани пијалаци, свежо цедени сокови (освен за појадокот), À la Carte ресторани се со претходна резервација и со доплата, услуга во соба, макси бар во соба, Heaven moon - ВИП концепт за парови на меден месец, сепаре во Диско клуб и шоу центарот, специјална роденденска торта и цвеќиња.

Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Arrigato - јапонска кујна, Sark I - турска кујна, Mezes - морска храна, Steаk house ресторан, Basilico - италијански ресторан, Eros - афродизијак ресторан само за парови, Blind ресторан - вечера во темнина. Барови низ целиот хотелски комплекс, диско и ноќен бар. Услуга во соба 24 часа – дополнително се наплаќа.
Доктор, изнајмување кола, перење алишта и пеглање, продавници, фризер, телефон, факс, интернет се наплаќа дополнително. Wi-FI во целиот хотел (нормална брзина) е бесплатен.

Плажа

Приватна песочна плажа од хотелот. Лежалки, чадори за сонце, крпи за на плажа се бесплатни. Павилјоните на платформата, плажата и покрај базенот се со претходна резервација и се доплаќаат.

Спорт и забава

Надворешен и внатрешен базен (не работи во лето), четири тобогана, фитнес центар, тениски игралишта, сквош, одбојка на плажа, пинг-понг, кошарка, мини фудбал, одбојка, сауна, турска бања, парна бања, релакс дел, шок базен се бесплатни.
Сите други спортски активности, како спортови на вода, куглање, летање со падобран, часови за нуркање, симулација на голф, Paint ball, часови за тенис и осветлување за тениските терени, СПА и велнес центар се доплаќаат.
Посебен забавен концепт, со настап на извонреден турски и светски познат диџеј, многу специјални настани и забави. Седум дена во неделата специјални програми.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Belek, Adam & Eve Hotels, Serik/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps