Прескокни кон содржината
JADORE DELUXE HOTEL & SPA
Повлечи за повеќе слики

JADORE DELUXE HOTEL & SPA

СидеUltra All Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Side

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба

Хотелот се наоѓа во регионот Соргун, на 75 km од аеродромот во Анталија и 5 km од античкиот град Сиде.

Сместување

Вкупно 429 во една главна зграда.
Стандардни соби (34 m², една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс.2 + 1 лице + бебе).
Економски соби (32 m², макс.2 + 1 лице + бебе).
Комфорт соби (36 m², една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет + една екстра кревет или софа, едно купатило, макс. 4 лица).
Фамилијарни соби (40 m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица).
Јуниор апартмани (47 m², две одвоени спални соби, едно купатило).
Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина, фен за коса, влечки, централен систем за климатизација, телефон, сеф, мини бар (обична вода, минерална вода и безалкохолни пијалаци се дополнува секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, ламинатен под, сателитска ТВ и музички канали и балкон.
WI-FI интернет е бесплатен.

Услуга

Ултра Сѐ Вклучено – 24 часа услуга за храна и пијалаци - шведска маса за појадок, ручек, вечера, попладневни закуски, детско бифе и детски ресторан, ресторан за закуски на плажа со безалкохолни пијалаци и пиво, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци до 02:00, сладолед во одредени часови, детско и диететско катче во главниот ресторан, À la Carte ресторани (турски, италијански, далечен исток) со претходна резервација и еднаш за време на престој.
Не се вклучени: премиум увозни пијалаци, специјални вина, коктели, луксузни пијалаци, свежо цедени сокови, флаширани пијалаци, À la Carte ресторан (мексикански, турски и рибен) со претходна резервација, увозни пијалаци по 01:00 часот, наргиле, услуга во соба.

Содржини

Главен ресторан за шведска маса, À la Carte ресторан – Ottoman - турски, Gondola - италијански, Pepe - мексикански, Shou - далечен исток, Alesta - рибен ресторан, барови околу хотелскиот комплекс.
Доктор, чување деца, перална, хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет катче и компјутерски игри, продавници, изнајмување кола се со доплата.
WI-FI интернет (бавен) во заедничките простории и собите е бесплатен.

Плажа

Хотелска приватна песочна плажа на 350 метри од хотелот. Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни.
Приватните павилјони на плажа се со претходна резервација  и со доплата.
Има бесплатен превоз до плажа.

Спорт и забава

Отворени и затворени (работи само во зима) базени, пет лизгалки на вода, фитнес центар, пинг-понг, одбојка на плажа, мини голф, сауна, парна соба, солена соба и турска бања се бесплатни.
Со доплата се: масажа, велнес и спа центар, и спортови на вода.
Забава со дневни програми покрај базен или на плажа, натпревари за возрасни и деца и навечер шоу програми. Мини клуб за деца од 4 - 12 години со посебни програми поделени во групи, игралиште, детска шведска маса во главниот ресторан, мини диско навечер.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Side, J'adore Deluxe Hotel & Spa, Titreyengöl Caddesi, Manavgat/Antalya, Turkey

Отвори во Google Maps