
BOSPHORUS SORGUN
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Соргун на 7 км од Сиде и Манавгат и 72 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 455 соби во главна зграда.
Стандардни соби (30 – 33 м², една спална соба и едно купатило, макс.3+1 бебе).
Фамилијарни соби (60 м², две спални соби одвоени со врата, во едната има француски кревет, а во другата три единечни кревета, едно купатило, макс.4 + 1 бебе).
Сите соби се модерно декорирани со приватно куаптило со туш кабина и фен, клима уред, телефон, ламинантен под, мини бар (се дополнува со вода, минерална вода и безалкохолни пијалоци секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, LCD TV со сателитски програми и музички канали, балкон или тераса. WI- FI интернет конекција е бесплатна.
Услуга
Сѐ вклучено плус – шведска маса со појадок, ран и доцен појадок, утрински ужини, ручек, попладне чај, кафе, колачи, вечера, закуска доцна навечер, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, по 00.00 часот сите пијалоци се доплаќаат, бифе за деца, À la Carte рестораните се со претходна резервација и еднаш за време на престојот (не е дозволено за деца под 12 години), мини бар во собите (се дополнува со вода, минерална вода и безалкохолни пијалоци секој ден), бебешко катче во ресторанот, диететско бифе, бар за закуски на плажа од 10.00 – 18.00 часот, сладолед во одредено време од денот.
Не е вклучено: луксузни увозни пијалоци, ексклузивни вина, флаширани пијалоци, енергетски пијалоци, свежо цедени сокови, пијалоци по 00.00 часот, пијалоци во Диско клуб.
Содржини
Два главни ресторани од страната на Клуб делот и во хотелскиот дел. Specialty ресторани: Kuyu – турска кујна, Heuriger – позната австриска храна. Барови околу хотелскиот комплекс.
Медицинска услуга, чување деца, фризер, салон за убавина, перење и хемиско чистење, интернет, продавници, телефон, факс, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекцијата е бесплатна во поголем дел од хотелот и во собите.
Плажа
Хотелска приватна плажа со песок и камчиња на 250 метри од хотелот, со бесплатни крпи на плажа, чадори за сонце и лежалки. Има бесплатен превоз до плажа.
Спорт и забава
Има отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, соба со пареа, одбојка на плажа, пинг понг, мини голф.
Се доплаќаат: масажи, SPA и Wellness центар, билијард, мини куглање, соба за игри, спортови на вода.
Забавни програми во текот на денот и програми навечер. Мини клуб за деца од 4-12 години, мини диско и различни активности за деца.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Sorgun, Bosphorus Sorgun Hotel, Boğaz Mevki, Manavgat/Antalya, Turkey
Отвори во Google Maps