
TRANSATLANTIK HOTEL & SPA
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Kemer
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Гојнук на 9 km од Кемер и 40 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 473 соби во две главни згради.
Standard rooms (26-30 m², една спална соба со еден француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс. 2 + 1 лица).
Family rooms (56 - 60 m²; две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица).
Suit rooms (80-105 m², две спални соби одвоени со врата, едно купатило и џакузи на балконот, макс. 4 лица).
Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина, централен систем за климатизација кој работи според временските услови, телефон, мини бар (сокови, пиво, вода при пристигнување, а потоа само вода се дополнува), сеф, LCD телевизор со сателитски програми и музички канали и балкон (некои стандардни соби се без балкон), Wi-Fi интернет.
Услуга
Ултра сѐ вклучено – 24 часа услуга за храна и пијалаци - шведска маса за појадок, ран и доцeн појадок, ручек, попладне закуски, вечера и закуски доцна навечер, сите локални и некои увозни (само во лоби барот) алкохолни и безалкохолни пијалаци, сладолед во одредени часови, закуски на плажа од 10.00 – 18.00 часот со некои безалкохолни пијалаци и пиво, слаткарница. Не се вклучени: премиум увозни пијалаци, специјални вина, свежо цедени сокови, флаширани пијалаци, À la Carte ресторан со претходна резервација, услуга во соба, наргиле.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, рибен À la Carte ресторан, барови околу хотелскиот комплекс.
Лекарска услуга 24 часа, перење алишта, чување деца, телефон, факс, интернет, продавници, фризер, изнајмување кола се со доплата. WI-FI интернет е бесплатен низ хотелот
Плажа
Хотелска приватна плажа со песок и камчиња на 400 метри од хотелот со лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа кои се бесплатни.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, тобогани, пинг-понг, одбојка на плажа, турска бања, сауна, фитнес центар, парна соба се бесплатни.
Со доплата: масажа, СПА центар, спортови на вода, билијард.
Забавни програми во текот на денот и шоу во вечерните часови. Мини клуб за деца од 4 - 12 години, игралиште, мини диско навечер.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Göynük, Transatlantik Hotel & SPA, Kemer/Antalya, Turkey
Отвори во Google Maps