
TITANIC MARDAN PALACE
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Lara
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во Лара - регионот Кунду на 15 km од аеродромот во Анталија и 25 km од центарот на градот.
Сместување
Вкупно 543 соби.
Classic room (28 m², една спална соба со француски кревет или два единечни кревети, купатило, макс.2 лица).
Premium rooms (42-48 m², главна зграда, една спална соба со француски кревет + една софа , едно купатило, макс. 3 лица).
Deluxe room with Jacuzzi (61 m², главна зграда, една спална со француски кревет и дел за седење, едно купатило, макс.3 лица).
Family rooms (55-60 m², главна зграда, две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4лица + 1 бебе ),
Premium Family rooms (70 m², главна зграда, две спални соби одвоени со врата, простор за седење, две купатила, макс. 4 лица + 1 бебе).
Pool Duplex suits swim up (90 m², главна зграда, на горниот кат една спална соба со француски кревет и едно купатило, долу една спална соба со два единечни кревети, едно купатило, дел за седење, голема тераса 22 m² со простор за седење и директен пристап до базен, макс. 4 лица + 1 дете + 1 бебе.).
Premium Pool Duplex suits swim up (110 m², главна зграда, на горниот кат две спални соби одвоени со врата, со купатило за секоја спална соба, простор за седење и балкон, на долниот кат има мини кујна, трпезариска маса, голема тераса 22 m² со директен пристап до базен, макс.5 лица + бебе).
Во сите соби има бањарки, влечки, специјална козметика во бањите, кабини за туширање или када, фен, систем за климатизација, телефон, сеф, WI-FI интернет, ЛЕД телевизор со сателитски програми, голем мини бар (вода, минерална вода, безалкохолни пијалаци, овошни сокови, несквик, млеко, чоколадо, бисквити се дополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, балкон или тераса со простор за седење.
Grand duplex Suit (145 m², главна зграда на 5-ти кат, горниот кат има една спална соба со француски кревет, купатило, џакузи, долу два единечни кревети, едно купатило, дневна соба, макс. 5 лица + бебе).
Royal Duplex Suit (145m², главна зграда, поглед на базен или море, на горниот кат има една спална соба со брачен кревет, едно купатило со џакузи и турска бања, долу има една спална соба со два единечни кревети, едно купатило со џакузи, простор за седење, тераса со џакузи, макс. 5 лица + 1 дете + бебе).
Lake House (170 m², во градината помеѓу главната зграда и морскиот брег, две посебни спални соби со посебни купатила со џакузи и туш дизајниран како турска бања, една просторија
за седење со трпезариска маса, голема тераса и директен пристап до базенот само за ваквите езерски куќи, 5 лица + 1 дете + бебе).
Presidential suite (220 m², главна зграда, поглед на базен или море, две посебни спални соби со посебни купатила со џакузи, дневна соба со голема трпезариска маса, голема тераса со џакузи, макс.5 лица + 1 дете + бебе).
King Suit (600 m², во главната зграда на 8-от кат, две спални соби со брачни кревети, две купатила со џакузи, една просторија за играње, кујна, една канцеларија, дневна соба со голема трпезариска маса, сауна, голема тераса и приватен базен, макс.5 лица + 1 дете + бебе).
Во сите простории има бањарки, влечки, специјална козметика во бањите, кабини за туширање или када, фен, систем за климатизација, телефон, сеф, WI-FI интернет, LED телевизор со сателитски програми, екстра голем мини бар (обична и минерална вода, сокови, увозни алкохолни пијалаци, овошни сокови, несквик, млеко, чоколадо, бисквити се дополнуваат секој ден), електричен бокал, сет кафе и чај, балкон или тераса со простор за седење, перење и пеглање, ВИП услуга за трансфери, овошје и јаткасти плодови во собата.
Услуга за посебни типови соби: За резервации од 7 ноќевања и повеќе: бесплатен ВИП трансфер до и од аеродром, CIP терминал (за претседателскиот и кралскиот апартман), шампањ при пристигнување, брзо пријавување во хотелот, букет, асистент, бесплатна услуга во соба (освен Lake Houses), голем мини бар, избор за перници, перење и пеглање само за претседателскиот и кралскиот апартман, приватен батлер (кралски апартман).
Услуга
Palace Сѐ вклучено - 24 часа услуга храна и пијалаци - појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ужина во текот на денот, сите локални и увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, за деца и бебиња може да се подготвува специјална храна 24 часа, слаткарница, бар за сладолед, шведска маса за овошје, Мардан бистро има 24-часовна услуга, бар со ужина на плажа.
Не се вклучени: À la Carte рестораните се со претходна резервација и со доплата, бар на тераса, бар на покрив, винарска визба со претходна резервација, услуга во приватни павилјони на плажа.
Содржини
Главен ресторан Bosporus, осум À la Carte ресторани: Beef Grill Club (азиски ресторан), Aquamarin (морска храна), Silk Road (индиски), Parcarella (италијански), Yamas ресторан. Мардан Бистро има 24-часовна услуга, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, изнајмување кола, телефон, факс, чување деца, продавници се доплаќаат. WI-FI интернет е бесплатен.
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа. Лежалки, чадори за сонце и душеци се бесплатни. Приватните павилјони се со претходна резервација и со доплата.
Спорт и забава
Надворешен и внатрешен базен за возрасни и деца (главниот надворешен базен е 9700 m²), Аква парк, турска бања, сауна, фитнес центар, тениски терени, одбојка на плажа, пинг-понг.
Со доплата: спортови на вода, центар Be Fine SPA & Thalasso, професионални фудбалски игралишта, терен за голф, куглање, билијард, центар за игри.
Tini Kids клуб - мини клуб со разни програми за деца од сите возрасти, посебен детски ресторан, посебни простории за бебиња, можност за подготвување храна за бебиња и мали деца, базени и простории за играње, игралиште, кино, вечерни програми.
Забавни програми со професионален тим кој организира дневни и вечерни претстави.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Özlü, Titanic Mardan Palace, Aksu/Antalya, Turkey
Отвори во Google Maps