
XORIA DELUXE HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Konakli, оддалечен 15км од Аланија и 110км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупен број на соби 301 во главна и анекс зграда. Стандардни соби (56m²; една спална со еден брачен кревет и еден единечен, купатило, макс. 2+1 лице), Large стандардни соби (32m², една спална соба со брачен кревет + еден единечен кревет + кревет на извлекување, едно купатило, макс. 4 лица), Дуплекс соби (37m², една спална соба со брачен кревет на прв спрат, еден единечен кревет на приземје, купатило на секој спрат, макс. 4 лица), Deluxe Suit (57m², една спална соба, една дневна соба со софа за седење, бања со џакузи, макс. 4 лица), Suite соби (50m², една спална соба со брачен кревет, софа, едно купатило, макс. 2 лица), Стандардни соби во Анекс зграда (вкупно 50 соби) идентични како Стандардните соби во главна зграда 28m², макс. 2+1 лице, пат помеѓу двете згради. Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, сопствен клима уред, телефон, мини бар (се полни со вода и безалкохолни пијалоци при пристигнување), сеф, ламинат на подот (плочки на подот во собите во Анекс зграда), сателитска ТВ и музички канали, балкон.
Услуга
Ultra All inclusive – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, ужина, кафе во попладневните часови, вечера, полноќна супа. Локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредени часови, A’la Carte ресторан со претходна резервација еднаш за време на престојот, ресторан и бар на плажа од 10.00 – 18.00 со безалкохолни пијалоци и пиво. Не е вклучено: премиум увозни пијалоци и увозни пијалоци кои не се вклучено во менито, сите флаширани пијалоци, коктели, свежо цедени сокови, послуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани, Лоби бар, бар на базен, услуги за перење и пеглање, чување деца, продавници, фризер, рент а кар дополнително се наплатуваат. WI-FI интернет конекција е бесплатна.
Плажа
Хотелска приватна плажа, песочна со камчиња, лежалки, чадори и пешкири на плажа се бесплатни. Тунел под патот од хотелот до плажа
Спорт и забава
Гостите спијат и го користат главниот ресторан во хотелот кој го букирале, сите други содржини (базени, барови, плажа, забава) може да ги користат во двата хотели.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Payallar, Xoria Deluxe, D400, Alanya/Antalya, Turkey
Отвори во Google Maps