
ALAN XAFIRA DELUXE RESORT
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Турклер на 15 км од Аланија и 100 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 803 соби.
Стандардни соби (37 m², една спална соба со дупли кревет и еден единечен кревет, едно купатило, макс.3+1 лице).
Фамилијарни соби (46 – 50 m², две спални соби одвоени со лизгачка врата, едно купатило, макс. 4 лица)
8 соби за лица со попреченост
Сите соби имаат сопствено купатило со туш, фен, централна клима, телефон, мини бар (вода, безалкохолни пијалаци и пиво по пристигнувањето, подоцна се дополнува само вода секој ден), сеф, сателитска ТВ со музички канали, ламинатен под и балкон.
Услуга
Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна закуска, вечера, полноќно бифе, ран појадок, локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, сладолед во одредени часови, храна и пијалаци во барот на плажа од 10.00 до 18.00 часот.
Не се вклучени: премиум увозни пијалаци, увозни пијалаци кои не се на мени, флаширани пијалаци, услуга во соба, увозни шампањи, свежо цедени сокови, специјални вина, À la Carte ресторани се достапни со претходна резервација.
Содржини
Главен ресторан за шведска маса, À la Carte Ресторани – À la Turka (турски), Да Винчи (италијански), рибен ресторан, барови околу хотелскиот комплекс.
Не се вклучени: Доктор, фризер, продавници, телефон и факс, интернет катче, изнајмување кола, чување деца, перње алишта.
WI-FI интернет конекцијата е бесплатна во лобито на хотелот.
Плажа
Хотелска приватна плажа е на 550м од хотелот со камчиња и песок.
Лежалки, чадори за сонце и крпите за плажа се бесплатни.
Има бесплатен шатл на секои 15 минути до плажата и назад.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес, сауна, турска бања, парна соба, одбојка на плажа, пинг-понг, гимнастика.
Со доплата: спортови на вода, билијард и компјутерски игри, СПА и салон за убавина, масажа.
Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 4 - 12 години, разновидни програми во текот на денот, игралиште, мини диско навечер.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Türkler, Alan Xafira Deluxe Resort, Türkler Turizm Merkezi, Alanya/Antalya, Turkey
Отвори во Google Maps