Прескокни кон содржината
NOX INN DELUXE
Повлечи за повеќе слики

NOX INN DELUXE

АланијаAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Локација

Хотелот се наоѓа во Конакли на 12км од Аланија и 120км од аеродромот во Анталија. 

Сместување 
Вкупно 497 соби. Стандардни соби (30-36m², една спална со еден француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс. 3+1 лице), Економски соби (25m², една спална соба, едно купатило, француски балкон, макс.2+1 лице), Фамилијарни големи соби (55m², една поголема спална соба со еден француски кревет + единечен кревет и една фотелја на пуштање, едно купатило, макс. 4 лица), Фамилијарни соби поврзани со врата (65m², две одвоени спални соби, две купатила, макс. 4+1 лице), Terrace rooms ( 46m², поглед на море, една спална соба, едно купатило, макс.2+2 лица), Анекс стандардни соби (30m², лоцирани во градината на хотелот, една спална соба, едно купатило, макс. 3+1 лице). Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина, фен, централна клима која работи според временските услови, телефон, мини бар (вода и сокови при пристигнување, потоа се дополнува само со вода), сеф, електирчен бокал, сателитска ТВ и музички канали, ламинантен под и балкон. 

Услуга 
Ултра Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, вечера и ноќна ужина. Локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, некои увозни пијалоци од менито од 10.00 -02.00 часот, сладолед во определени часови, ресторан на плажа со ужина од 10.00-18.00 часот. Премиум увозни пијалоци, увозни пијалоци кои не се на мени листата флаширани пијалоци, услуга во соба, свежо цедени сокови, специјални вина, À la Carte ресторани со претходна резервација дополнително се наплаќаат . 

Содржини 
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани - турска кујна, морска храна, италијанска кујна, ресторан од Далечен исток, Мексикански ресторан, барови низ хотелскиот комплекс. Доктор, перална, хемиско чистење, фризер, чување дете, телефон, интернет кафе, изнајмување кола се со доплата. Wi Fi интернет е без доплата. 

Плажа 
Хотелска плажа со песок и со карпи (дел од плажата е исчистена од карпи). Лежалки, чадори и крпи за на плажа се бесплатни. Приватните павилјони на плажа се со претходна резервација и со доплата. 

Спорт и забава 
Надворешен и внатрешен базен за деца и возрасни, лизгалици на вода, фитнес центар, сауна, турска бања, одбојка на плажа, пинг понг, гимнастика. Со доплата: спортови на вода, масажа, СПА центар, компјутерски игри. Забавни програми во текот на денот, натпревари на базен и на плажа, вечерни забавни програми. Мини клуб за деца од 04-12 години, игралиште за деца, мини Диско во вечерните часови.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Konaklı mh, Noxinn Deluxe Hotel, Plaj Sk., Alanya/Antalya, Turkey

Отвори во Google Maps