Прескокни кон содржината
PERRE DELTA HOTEL
Повлечи за повеќе слики

PERRE DELTA HOTEL

АланијаAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Положба 

Хотелот се наоѓа во Окуркалар регионот, на 35 км од Аланија и 95 км од Анталискиот аеродром 

Сместување 
Вкупен број на соби 232. Стандардни соби (30m², спална, купатило, максимум 2+2 особи) . Фамилијарни соби (40m², една голема соба со француски лежај и два одвоени кревети , максимум 4 особи ) и две соби за хендикепирани лица. Сите соби имаат купатила со када, фен, клима уред кој работи согласно временските прилики, директна телефонска линија, мини бар ( вода и негазирани пијалоци за време на пристигнувањето, потоа се доплаќа) , сеф со доплата , сателитска телевизија со музички канали, балкон. Има соби кои немаат балкон 

Услуга 
Се вклучено- шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневно кафе, чај, торта, вечера, супа доцна навечер, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10-24 часот. Ала карт ресторан со претходна резервација и еднаш за време на престојот. Не е вклучено- сите увозни пијалоци, специјални вина, сите видови на флаширани и конзервирани пијалоци, свежи овошни сокови, сладолед, пуканки, пијалоци во диско, собна послуга. 

Содржини 
Главен ресторан на база шведска маса, Ала карт ресторан со различни менија, барови околу хотелскиот комплекс, Доктор, чување на деца, перење и сушење на алишта, фризер, интернет кафе и компјутерски игри, шопинг центар, рен а кар се доплаќаат. ВИФИ во лобито е бесплатно за користење. 

Плажа 
Хотелска приватна плажа со ситни каменчиња, лежалки, чадори и пешкири не се наплаќаат. 

Спорт и забава 
Надворешен и внатрешен базен за деца и возрасни , фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терен, одбојка на плажа не се доплаќаат. Со доплата- масажа, салон за убавина, осветлување за тениски терени, спортови на вода, билијард и компјутерски игри. Забавни програми во текот на денот, натпревари на базен и плажа, навечер шоу програми. Мини клуб за деца од 4-12 години, детско игралиште, мини диско навечер.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Okurcalar, Perre Delta Hotel Resort & Spa, Alparslan Türkeş Bulvarı, Alanya/Antalya, Turkey

Отвори во Google Maps