Прескокни кон содржината
YALIHAN UNA
Повлечи за повеќе слики

YALIHAN UNA

АланијаAll Inclusive Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Alanya

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Локација

Хотелот се наоѓа во областа Авсалар, на околу 22 км од центарот на Аланија. Сместен е непосредно покрај Средоземното Море, со директен пристап до долга песочна плажа.
Во близина на хотелот се наоѓаат продавници, ресторани и локални туристички содржини. Аеродромот во Анталија е оддалечен околу 100 км, додека аеродромот Газипаша е на околу 65 км.  

Содржини и услуги

Хотелот располага со главен ресторан, два à la carte ресторани и повеќе барови.
На гостите им се на располагање:
- Главен ресторан C-View со шведска маса.
- Divan à la carte ресторан со специјалитети од турската кујна.
- Poseidon à la carte ресторан со специјалитети од риба и морска храна.
- Yörüx Pavilion со традиционални турски лепчиња (Gözleme) и свежо овошје.
- Mediterrace Bar, Sunset Beach Bar и Midtown Café & Bar.
Хотелот располага со надворешен базен, детски базен и тераса за сончање со џакузи и поглед кон морето. Достапен е бесплатен Wi-Fi интернет.  

Соби

Хотелот нуди неколку типови соби, погодни за парови и семејства со деца.
- Standard Room: Стандардни соби со поглед кон морето, опремени со балкон или тераса.
- Deluxe Beach Room: Соби со балкон или дрвена тераса, лоцирани во непосредна близина на плажата.
- Mezzanine Family Room: Семејни соби на две нивоа, со дополнителен простор за сместување на семејства со деца и балкон.
Собите располагаат со клима-уред, телевизор со рамен екран, мини-фрижидер, сет за подготовка на чај и кафе и сопствено купатило. Достапен е и Wi-Fi интернет.  

Спорт и забава
Хотелот располага со надворешен базен и посебен детски базен. На терасата за сончање има џакузи со поглед кон морето.
За љубителите на активниот одмор, достапен е фитнес-центар.
Во рамките на СПА-центарот Spahan, гостите можат да уживаат во:
- Турска бања (хамам).
- Сауна.
- Масажи и третмани за тело.
- Третмани за нега на кожата.
Масажите и дополнителните СПА-третмани се достапни со доплата.  

Плажа

Сопствена хотелска плажа
Хотелот се наоѓа непосредно покрај сопствена долга песочна плажа, со директен пристап од хотелскиот комплекс.
Плажата се одликува со ситен песок и постепен влез во морето, што ја прави погодна и за семејства со деца.
Хотелската плажа располага со простор за сончање и релаксација покрај морето. Во непосредна близина се наоѓа Sunset Beach Bar, каде што се служат алкохолни и безалкохолни пијалаци, сендвичи, пици и други лесни оброци.
Хотелот има и сопствена плажна тераса со природна дрвена подлога.  

Исхрана

Хотелот нуди услуга All Inclusive (сè вклучено).
Главниот C-View ресторан нуди разновидна понуда на турска и интернационална кујна на база шведска маса, со појадок, ручек и вечера.
Дополнително, гостите можат да уживаат во:
- Специјалитети од турската кујна во Divan à la carte ресторанот.
- Рибни специјалитети и морска храна во Poseidon à la carte ресторанот.
- Традиционални турски лепчиња (Gözleme) и свежо овошје во Yörüx Pavilion.
- Разновидни грицки и лесни оброци во Sunset Beach Bar.
- Алкохолни, безалкохолни и топли пијалаци во хотелските барови и кафе-барот.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Avsallar, Fuğla Caddesi No:2/A, 07410 Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps