
XPERIA SARAY BEACH HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Локација
Хотелот се наоѓа во центарот на Аланија и 120 км од аеродромот во Анталија.
Сместување
Хотелот располага со 70 соби. Сите соби имаат бања со туш, фен, сплит клима, телефон, мини бар (секојдневно се полни со вода и сокови), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, Wi-Fi интернет, балкон.
Standard rooms without balcony 18 m², една спална соба со брачен кревет,бања, без балкон, макс. 2 лица.
Standard rooms 20 m², една спална соба со брачен кревет или два единечни кревети, бања, макс. 2 лица.
Club suits 59 m², една спална соба со брачен кревет + софа кревет, дневна соба, макс. 2 лица.
Deluxe rooms 25 m², соба со поглед на море, една спална соба со брачен кревет, софа, бања, макс. 2 лица.
Loft suite 80 m², на последниот кат од хотелот, една спална соба на галерија, долу дневна соба со џакузи, кујна, две бањи, макс. 3 лица.
Услуга
Услугата во хотелот е се вклучено шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, во попладневните часови чај и кафе, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10.00 часот до 24.00 часот, сите локални пијалаци и безалкохолни пијалаци на плажа.
Со доплата: увозни пијалаци, сладолед, свежо цедени сокови, коктели, а ла карт ресторани.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, а ла карт ресторани со фиксно мени од различни интернационални кујни, лоби бар, бар на базен. Со доплата: доктор, перење и хемиско чистење.
Спорт и забава
Отворен базен, тобоган, турска бања, пинг понг, одбојка на плажа.
Со доплата: спортови на вода, сауна, масажа, парна соба.
Плажа
Хотелска песочна плажа на најпопуларната плажа Клеопатра. Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Saray, Atatürk Blv. No:151, 07400 Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps