Прескокни кон содржината
TIMO RESORT HOTEL
Повлечи за повеќе слики

TIMO RESORT HOTEL

АланијаAll Inclusive

Локација

Хотелот се наоѓа во областа Конакли, на околу 15 км од центарот на Аланија. Сместен е покрај главната сообраќајница D-400, на околу 100 метри од морето. Аеродромот во Анталија е оддалечен околу 110 км, додека аеродромот Газипаша е на околу 65 км.
Во непосредна близина на хотелот се наоѓаат продавници, ресторани и други туристички содржини.  

Содржини и услуги

Хотелот располага со вкупно 239 реновирани соби и нуди разновидни содржини за удобен семеен одмор.
На гостите им се на располагање главен ресторан со внатрешен и надворешен дел, два à la carte ресторани со турска и рибна кујна, како и пет барови.
Хотелот располага со надворешен базен со три водени тобогани, внатрешен базен, фитнес-центар, СПА-центар, фризерски салон и продавници.
Во јавните простории и собите е достапен Wi-Fi интернет. Дополнителните услуги вклучуваат менувачница, пералница, хемиско чистење, лекарска помош и изнајмување автомобили и велосипеди. Дел од услугите се достапни со доплата.  

Соби

Хотелот нуди стандардни и семејни соби, опремени за удобно сместување на парови и семејства со деца.
- Standard Room: Соба со површина од околу 29–30 м², опремена со брачен кревет или два единечни кревета и софа. Наменета за сместување до 3 возрасни лица и 1 дете.
- Family Room: Семејна соба со две одделни простории и површина од околу 36–55 м², опремена со брачен кревет и два единечни кревета. Наменета за сместување до 4 возрасни лица и 1 дете.
- Suite Room: Пространа соба со површина од 55 м², наменета за сместување до 4 возрасни лица и 2 деца.
Сите соби располагаат со клима-уред, телевизор, минибар, сеф, балкон, Wi-Fi интернет и фен за коса. Бањите се опремени со туш. На располагање се и папучи.
Хотелот располага и со соби прилагодени за лица со посебни потреби.  

Спорт и забава

Хотелот нуди разновидни спортски и забавни содржини за возрасни и деца.
На располагање се фитнес-центар, тениско игралиште, пинг-понг, пикадо, боче, кошарка, одбојка на плажа и аеробик. Дел од спортските активности, како и билијардот и осветлувањето на тениското игралиште, се достапни со доплата.
Во СПА-центарот гостите можат да уживаат во турска бања (хамам), сауна и парна бања. Масажите и дополнителните СПА-третмани се достапни со доплата.
Забавната програма вклучува дневни и вечерни анимации, музика во живо, тематски вечери, забавни настапи и дискотека.
За најмладите гости се обезбедени детски базен, мини-клуб, детско игралиште, просторија за игри и мини-диско.  

Плажа

Хотелот располага со сопствена приватна песочно-камчеста плажа, оддалечена околу 100 метри од хотелот.
До плажата се пристапува преку подземен премин, со што се избегнува преминување на главната сообраќајница. Плажата е долга околу 60 метри и располага со:
- Лежалки и чадори за сонце – бесплатно.
- Душеци за лежалки – бесплатно.
- Пешкири за плажа – бесплатно.
- Тушеви и кабини за пресоблекување.
- Спасителска служба.
- Бар на плажа со безалкохолни пијалаци.
- Бар за подготовка на традиционални турски лепчиња (Gözleme).
Влезот во морето е песочно-камчест.  
kompastour.com

Исхрана

Хотелот нуди услуга Ultra All Inclusive (ултра сè вклучено). Главниот ресторан нуди разновидна понуда на турска и интернационална кујна на база шведска маса. Оброците вклучуваат појадок, доцен појадок, ручек и вечера. На располагање се и два à la carte ресторани, со турска и рибна кујна, како и пет барови со разновидни пијалаци. Во текот на денот гостите можат да уживаат во дополнителни закуски и освежителни пијалаци.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Konaklı Gazi, Mustafa Kemal Bulvarı No: 41, 07475 Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps