Прескокни кон содржината
SIDE ROYAL PRIME
Повлечи за повеќе слики

SIDE ROYAL PRIME

СидеUltra All Inclusive

Положба

Хотелот се наоѓа во регионот Евренсеки, на 7 km од центарот на Сиде и 50 km од аеродромот во Анталија.

Сместување

Вкупно 315 соби распоредени во пет блока.
Standard rooms (27 m², една спална со француски кревет + софа, едно купатило, макс. 2+1 лица). Соби за лица со попреченост.
Economy rooms (23 m², една спална со француски кревет, едно купатило, макс. 2 лица).
Large rooms (32 m², една спална со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс. 2+1 лица).
Family rooms (44 m², две спални соби одвоени со врата, една со француски кревет, друга со два единечни кревети, едно купатило, макс. 4 лица).
Swim up rooms (32 m², една спална со француски кревет + дополнителен кревет, едно купатило, директен пристап до базенот, макс. 3 лица).
Family swim up rooms (44 m², две посебни спални, едно купатило, директен пристап до базенот, макс. 4 лица).
Сите соби имаат приватно купатило со туш кабина, фен, влечки, систем за климатизација, мини-бар (вода и сокови се дополнува секој ден), електричен бокал, сет за чај и кафе, сеф, сателитска ТВ со музички канали, ламинатен под или  под со плочки и балкон.

Услуга

Ултра Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утрински и попладневни закуски, закуски доцна навечер и рано наутро, детско мени, вегетаријанско и диететско мени, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, бар на плажа од 09:00 до 18:00 часот, сладолед во одредени часови, À la carte ресторани се бесплатни еднаш во текот на престој од мин. 7 дена, со претходна резервација.
Не е вклучено: премиум увозни пијалаци, специјални локални и увозни вина, интернационален À la carte ресторан, пијалаци во лименка и шише, свежо цедени сокови, услуга во соба, пијалаци во Диско клубот по 01:00 часот.

Содржини

Главен ресторан за шведска маса, À la carte ресторани со италијанска, турска, мексиканска кујна. Барови низ хотелскиот комплекс, Диско клуб, снек бар на плажа.
Доктор, чување деца, перална, хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет, продавници, изнајмување кола се со доплата. WI-FI интернетот е бесплатен во целиот хотел и на плажа.

Плажа

Приватна песочна плажа на 400 m од хотелот. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни. Има бесплатен шатл-превоз до плажата.

Спорт и забава

Спорт и забава: Надворешни и внатрешни базени (затворени во летна сезона) за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, пинг-понг, одбојка на плажа – бесплатно.
Со доплата: водени спортови, билијард, СПА центар и масажи. Дневни програми за забава, натпревари на плажа и покрај базенот, вечерни шоу-програми. Мини клуб за деца од 4-12 години со различни активности и програми, детско кино и мини диско навечер.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

8G8HR85X+P5

Отвори во Google Maps