
SAYANORA HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Side
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Локација
Sayanora Hotel 3* се наоѓа на одлична локација во Сиде, oддалеченост од аеродромот во Анталија околу 69 км, плажата Side West Beach околу 5 минути пешачење, плажата Кумкој околу 4 минути пешачење. Во близина се наоѓаат и познати туристички атракции, како водопадите Манавгат и марината во Анталија.
Сместување
Хотелот располага со 98 соби (стандардни соби, семејни соби во главната зграда или паркинг делот). Собите се помали и поскромни опремени со клима уред, сеф, минибар, приватна бања, поглед кон градина, бесплатен Wi-Fi и балкон.
Содржина
Рецепција 24 часа, остава за багаж, Ресторан, лоби бар, бар покрај базен, кафе-барПристапност за лица со инвалидска количка во одредени делови од хотелот.
Со доплата: услуга за перење алишта, лекарски повик.
Услуга
Услугата во хотелот е на база All Inclusive на шведска маса. Хотелскиот ресторан нуди турска кујна, со можност за халал и безглутенски оброци. Во понудата се вклучени храната и пијалаците во хотелот, со одредени ограничувања согласно хотелската All Inclusive програма. Кафе и чај се служи во заедничките простории.
Спорт и забава
Гостите можат да уживаат во различни содржини како што се два надворешни базени, два детски базени, уредена градина, СПА центар, фитнес центар, детско игралиште.
Со доплата: масажи и спа услуги.
Плажа
Плажата е на 100-200 метри оддалеченост, мешовита со песок и шљунковита. Лежалки, чадори за сонце и пешкири со доплата. Лежалките и чадорите за сонце на базенот се бесплатни.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Side, Begonya Sk. No : 15, 07330 Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps