
Q ELLA BEACH HOTEL
Локација
Хотелот се наоѓа во регионот Кумкој, на 4 km од Сиде и 64 km од аеродромот во Анталија.
Сместување
Вкупно 187 соби во главната зграда.
Standard rooms (26 m², во главната зграда, една спална соба со еден француски кревет или два единечни кревети + еден единечен кревет, едно купатило, макс. 2+1 лица).
Economy rooms (16 m², една спална соба со француски кревет, едно купатило, без балкон, макс. 2 лица).
Family rooms (37 m², две одвоени спални соби, едно купатило, макс. 4 лица).
Deluxe Jacuzzi room (46 m², голема соба со француски кревет, едно купатило, макс. 2+2 деца).
Сите соби имаат сопствено купатило со туш, фен, влечки, сплит клима уред, телефон, мини бар (вода и сокови се дополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, WI‑FI интернет конекција и балкон.
Услуга
Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневно кафе, колачи и чај, вечера, ноќна закуска до 01:00 часот, сладолед во одредени часови, локални алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10:00 до 24:00 часот, À la Carte ресторани (со претходна резервација и само еднаш за време на престојот во еден од нив), бар на плажа од 10:00 до 17:00 часот.
Не е вклучено: сите увозни пијалаци, сите флаширани пијалаци, свежо цедени сокови, специјални вина, турско кафе и услуга во соба.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани (турски и италијански), барови низ хотелскиот комплекс. Доктор, фризер, телефон, факс, перална, хемиско чистење, трговски центар и изнајмување на автомобил се со доплата. WI‑FI интернет конекција во лобито и околу базените е бесплатна.
Плажа
Приватна плажа со песок и камчиња, на 600 m од хотелот. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни. Бесплатен превоз со шатл автобус до плажа.
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца (затворени во лето), тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, одбојка на плажа и пинг понг. Се доплаќаат: водени спортови, СПА центар и масажа. Забавни програми со професионален тим во текот на денот и шоу програми навечер, мини клуб за деца од 5 до 11 години, игралиште, дневни програми и мини диско навечер.
Хотелот е реновиран во 2025 година.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Yavrudoğan, 07600 Manavgat/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps