
LIBERTY HOTELS LARA
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Lara
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Локација
Хотелот се наоѓа во Лара на 17 км од аеродромот во Анталија и 22 км од центарот на градот.
Сместување
Хотелот располага со 311 соби. Сите соби се со балкон (освен економските соби), бања со када / туш, фен, централна клима која работи согласно временските услови, телефон, сеф, мини бар (секојдневно се дополнува со вода и сокови), електричен бокал, сет за кафе и чај, Wi-Fi интернет, ламинатен под, сателитска ТВ и музички канали.
Standard room 23 m², една спална соба со брачен кревет или два единечни кревети, бања, макс. 2+1 дете.
Economy rooms without balcony 23 m², една спална соба со брачен кревет,бања, макс. 2+1 лице.
Large standard rooms 29 m², голема спална соба со брачен кревет, еден единечен кревет и софа, бања, макс. 2+2 деца.
Family rooms 35-45 m², две спални соби одвоени со врата, едната соба е со француски кревет, а другата е со два единечни кревети, бања, макс. 4 лица.
Duplex rooms 50 m², на долниот кат има два единечни кревети и софа на развлекување, на горниот кат брачен кревет, две бањи, макс. 4 лица.
Услуга
Услугата во хотелот е ултра се вклучено шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневни закуски, колачи и сладолед во одредени часови во денот, вечера, полноќни закуски, чај, кафе, дел со детска храна, домашни и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци од 10:00-24:00 часот, а ла карт ресторани (италијански и турски) се со претходна резервација и еднаш за време на 7-дневен престој.
Со доплата: луксузни увозни пијалаци, свежо цедени сокови, флаширани пијалаци, а ла карт ресторани (скара, азиски и рибен) се со претходна резервација.
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, Carmen слаткарница, а ла карт ресторани: Balbura (италијански), Sarpedon (рибен), Pinara (турски), Nysa (Далечен Исток), ресторан со скара, бар во лоби, витамински бар, бар покрај базен и на плажа.
Со доплата: доктор, перење и хемиско чистење, чување деца, интернет кафе.
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени, детски базени, релакс базен само за возрасни (+16), тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, џакузи, две тениски игралишта, кошарка, одбојка на плажа, пинг понг. Забавни програми во текот на денот и навечер со професионални групи, програмата се менува на секои две недели, мини клуб за деца од 4-12 год, игралиште, мини диско навечер.
Со доплата се: осветлување на тениски игралишта, опрема за тенис, часови по тенис, масажа, спортови на вода, билијард и компјутерски игри.
Плажа
Хотелот има приватна песочна плажа со бесплатни лежалки, чадори и крпи за на плажа. Приватните павилјони за плажа се со претходна резервација и доплата.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
VV4Q+WQ Aksu, Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps