
CALIMERA SUNPARK ALANYA
Локација
Се наоѓа на 120 км од аеродромот во Анталија, во близина на центарот на Аланија. Оддалечен е 1,5 км од плажата Клеопатра.
Сместување
Хотелот се состои од два блока. Располага со 100 сместувачки единици распоредени во два блока.
Видови соби:
Стандардни соби (макс. 3 лица: брачен кревет или два одделни кревети; за дополнително лице/дете се додава помошен кревет или софа; 20 – 25 м²).
Семејни соби (макс. 4 лица; две простории одделени со врати – дневна соба со две софи и спална соба со брачен кревет или два одделни кревети; 30 – 36 м²).
Семејни соби со две спални соби (макс. 6 лица; дневна соба со две софи и две спални соби со брачен кревет или два одделни кревети; 60 – 65 м²).
Сите соби имаат директна телефонска линија, сателитска ТВ, мини-бар (сo доплата), сеф (се доплаќа), индивидуална климатизација, електричен бокал, бања (када/туш), фен за коса, балкон или тераса.
Содржина
Рецепција, покрај главниот ресторан на гостите им се на располагање „а ла карт“ ресторан, 3 барови, ограничен пристап до интернет во сите делови на хотелот.
Спорт и забава
1 надворешен базен, детски базен, помал аквапарк со тобогани за деца и возрасни, фитнес центар, детско игралиште, терен за одбојка и терен за мал фудбал.
Со доплата: лекар, турска бања, масажи, мини-маркет, билијард, пинг-понг, мини-голф, моторизирани водени спортови, услуги за перење и хемиско чистење.
Услуга
Услугата во хотелот е на ВВ -нокевање со појадок / НВ – полупансиол и на база се вклучено на шведска маса, со традиционална турска и интернационална кујна. Со доплата: сите странски пијалаци, свежо цедени сокови и турско кафе.
Плажа
Хотелот е оддалечен 1,5 км од плажата Клеопатра, лежалките и чадорите за сонце се бесплатни за користење, а гостите можат да го користат и хотелскиот шатл-автобус. Барот на плажа е со доплата.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Kadıpaşa Mahallesi, Sugözü Caddesi, Odabaşı Sk. No:34, 07400 Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps