
AZAK BEACH HOTEL
Авионски превоз
Детали за превозот
Поаѓање
SKOPJE
Дестинација
Alanya
- Повратен авио-билет во цената на аранжманот
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж
Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.
Локација
Хотелите „Azak Beach“ со 3 ѕвезди се наоѓа во областа Сарај во Аланија на 10 минути пеш од центарот на градот, на 120 км од Меѓународниот аеродром во Анталија, 45 км од аеродромот Газипаша и 1 км од автобуска постојка.
Сместување
Хотелот располага со вкупно 62 соби со 135 легла; 51 стандардна соба со два одделни кревети или еден голем брачен кревет, 11 трокреветни соби и 2 поврзани соби. Хотелот е целосно реновиран во 2011 година..
Single Room - еднокреветна соба со големина од 18 м² и делумен поглед на море, располага со 1 брачен кревет, капацитет за 2 лица.
Стандардна соба, со големина од 22 м² и делумен поглед на море, располага со единечен кревет и 1 брачен кревет, капацитет за 3 лица.
Сите соби се модерно уредени и голем дел од собите располагаат со балкон со поглед на море или тврдината во Аланија, имаат под од ламинат, индивидуален клима-уред, сателитска телевизија со музички канали, телефон, бања со туш, фен за коса, мини-бар и сеф. На барање, може да се обезбедат и детски креветчиња.
Со доплата: мини-бар и сеф.
Содржина
Лоби бар, главен ресторан и затворен ресторан за 100 гости, покрај „а ла карт“ ресторан на располагање на гостите им се бар покрај базен, витамински бар како и услуга на плажа.
Бесплатен интернет и безжична мрежа (Wi-Fi).
Спорт и забава
Хотелот располага со внатрешен и надворешен базен со дел за деца, детско игралиште, маса за билијард, сауна, турска бања, просторија за масажа, фитнес центар. Во непосредна близина на хотелот се наоѓаат јавни тениски терени и центар за водени спортови.
Со доплата: здравствени услуги, услуги за перење алишта.
Услуга
Услугата во хотелот е на база се вклучено на шведска маса, со вкусни специјалитети од турската кујна, како и интернационална кујна.
Пијалаците во барот покрај базенот се вклучени во All Inclusive. Пијалаците и храната во барот на плажа се наплаќаат дополнително.
Плажа
Плажата е со песок и ситни камчиња. На плажа Клеопатра: лежалките и чадорите се доплаќаат. На хотелскиот базен: лежалките и чадорите се бесплатни.
Програма
1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето)
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети.
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.
Вклучено
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје.
» Аеродромски такси.
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга.
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер).
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот.
» Организација на програмата.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
» Задолжително здравствено патничко осигурување.
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.
Напомена
УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.
Локација
Saray, Güzelyalı Cd. No:35, 07400, 07400 Alanya/Antalya, Türkiye
Отвори во Google Maps