Прескокни кон содржината
ANANEA KLEOPATRA BEACH ADULTS ONLY 12
Повлечи за повеќе слики

ANANEA KLEOPATRA BEACH ADULTS ONLY 12

АланијаBed & Breakfast Авионски превоз

Авионски превоз

Детали за превозот

Поаѓање

SKOPJE

Дестинација

Аланија

  • Повратен авио-билет во цената на аранжманот
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Чекиран багаж до 20 кг + рачен багаж

Точните летови (датум, време и авиокомпанија) се потврдуваат при резервација според избраниот термин.

Локација

Хотелот се наоѓа на плажата Клеопатра, во центарот на Аланија, на 110 км од аеродромот во Анталија.

Сместување

Хотелот располага со вкупно 236 соби распоредени во 5 блока (главната зграда се наоѓа преку улица, додека останатите згради се покрај плажата). Сите соби располагаат со бања со туш-кабина, фен за коса, индивидуален клима-уред, директна телефонска линија, минибар (со доплата), сеф (со доплата), SAT TV и музички канали, Wi-Fi интернет, керамички под и балкон.
Стандардни соби 16–20 м² се наоѓаат во главната зграда, II и III зграда. Располагаат со спална соба со два единечни кревети , бања, макс. 2 лица.
Студио соби 20–25 м² се наоѓаат во главната зграда, I и II зграда. Располагаат со спална соба со два единечни кревети и софа, бања, макс. 3 лица.
Суити 30–35 м² се наоѓаат во главната зграда и III зграда. Располагаат со спална соба и дневна соба, бања, макс. 4 лица.

Услуга

Услугата во хотелот е се вклучено на база на шведска маса (самопослужување), со избор на повеќе јадења за појадок, ручек и вечера.
Во услугата се вклучени и попладневни колачи и кафе, како и локални и одредени увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци во периодот од 10:00 до 22:00 часот.
Со доплата: останатите увозни и домашни пијалаци кои не се наведени во менито, свежо цедени сокови, сладолед, флаширани пијалаци и пијалаци во лименки, а ла карт ресторан (со претходна резервација), храна и пијалаци на плажа.

Содржини

Главен ресторан и лоби бар.

Спорт и забава

Хотелот има отворен базен, затворен базен и фитнес-сала.

Плажа

Хотелот располага со приватна песочна плажа на познатата плажа Клеопатра. Лежалките и чадорите на плажа се со доплата. Хотелот не обезбедува пешкири за плажа.Лежалките и чадорите кај базенот се бесплатни.

Програма

1 ден | СКОПЈЕ – АНТАЛИЈА Состанок на скопскиот аеродром 3 часа пред полетување. Директен лет кон Анталија во поставеното време, во раните утрински часови. По пристигнувањето, средба со претставник на партнер агенцијата во Турција и трансфер до избраниот хотел. Превземање на собите и сместување според определеното време и правило на пријавување на хотелот (најчесто окулу 14:00 часот на денот на пристигнувањето) 
2 – Претпоследен ден | ПРЕСТОЈ ВО ХОТЕЛ Престој во избраниот хотел во регионот на Аланија, Кемер, Белек, Сиде, Лара, на база на избраната услуга, согласно бројот на резервираните ноќевања во зависност од аранжманот и терминот. Можност за факултативни излети. 
Последен ден | АНТАЛИЈА – СКОПЈЕ Одјавување и напуштање на собите најдоцна до 12 часот, или според правилата на хотелот. Слободно време до организираниот трансфер кон аеродромот во Анталија во вечерните часови. Директен лет за Скопје во поставеното време, доцна навечер. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (наредниот ден). Крај на услугите.

Вклучено

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА: 
» Директен авионски лет на релација Скопје – Анталија – Скопје. 
» Аеродромски такси. 
» Сместување во избраниот хотел според резервираниот термин, на база на избраната услуга. 
» Организиран групен трансфер аеродром – хотел – аеродром (На барање, со доплата може да биде организиран приватен трансфер). 
» Локална асистенција и Услуги на претставник на организаторот. 
» Организација на програмата. 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА: 
» Задолжително здравствено патничко осигурување. 
» Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.  

Напомена

УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ: » Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62 Денари за 1 Евро. » За резервација потребна е авансна уплата во висина од 30% од вкупната цена на аранжманот, освен во ситуации кога е дефинирано поинаку (Ран Букинг, акции, промоции…), а преостанатиот износ се доплаќа најдоцна 15 дена пред патување. Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. ” ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА СКТМ СЕ СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ОВАА ПРОГРАМА * ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.  

Локација

Saray, Atatürk Blv. No:155, 07400 Alanya/Antalya, Türkiye

Отвори во Google Maps